Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот центар на забава

Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку зима, секое лето се трансформира, па преку ноќ станува живописен град со многу душа и едно од омилените места за одмор и забава, не само за Македонците, туку и на туристите од регионот. 

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-01_copy.jpg

Од мирни денови на плажа со коктел или вкусно кафе, до луди ноќни забави - Дојран е вистински бисер и совршено место на кое можете да поминете опуштен одмор или незаборавен викенд со друштвото или со семејството.

Градот кој мирува преку зима, на лето се трансформира во центар на најдобрата забава - совршена музика за сечиј вкус и дружби на кои ќе се сеќавате со години.

Секој што еднаш го посетил Дојран, вели, создал спомени за цел живот. Особено ако поминал и неколку дена на „Д Фестивал“, најголемиот опен ер музички фестивал во Македонија.

Дојран нуди за секого по нешто.

Ако сакате да уживате во тишината, прошетајте се низ тесните улички на градот. Качувајте се нагоре, по ридот над Дојран, движејќи се покрај симпатичните куќи и викендички.

Кога ќе мислите дека сте доволно високо, свртете се зад себе - пред вас ќе се појави неверојатна глетка на Дојранското Езеро - мирно, сталожено, со по некоја птица која го надлетува и се нурнува во езерото во потрага по риба.

Посетете ја старата црква Свети Илија во Стар Дојран и слушнете ги легендите поврзани со настанувањето и разурнувањето на црквата.

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-09_2_copy.jpgФото: Википедија

Пронајдете ги остатоците од турскиот амам, еден од најстарите амами во Македонија, од каде што се пружа одличен поглед кон езерото и е супер локација за фотки. 

Или, качете се до старата Саат-кула, од каде што, исто така, има прекрасен поглед кон езерото.

Опуштете се со риболов - покрај брегот на езерото во секое време ќе најдете риболовци кои чекаат рибата да загризе, а кои со задоволство ќе ви раскажат некоја од своите рибарски приказни.

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-088.jpgфото: Фејсбук

Возете се со педалинки по езерото или само пливајте во езерската вода. Намачкајте го телото со лековитата кал со алги поради која во градот доаѓаат туристи од целиот регион.

Посетете ја градската плажа. Испијте кафе во Moon Bar, прекрасно кафуле со дебела сенка покрај езерото.

Изберете некој од локалните ресторани со рибни специјалитети или вкусна традиционална храна, по пристапни цени. 

Ќе ве дочекаат пријатни домаќини со насмевка, кои ќе ви го разубават денот.

Спокојот што го чувствувате додека одите по шеталиштето, покрај брегот на езерото и го слушате звукот на брановите е незаменлив.

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-10_2_copy.jpg

Целосна спротивност на мирниот град е „Д фестивал“, најголемиот музички фестивал на отворено кај нас, кој трае три дена.

Тоа што ќе го доживеете во фестивалскиот камп во срцето на градот, ќе им ги прераскажувате на сите што ќе ги пропуштат трите фестивалски денови (оваа година од 30 јуни до 2 јули).

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-09_copy.jpg

Ќе создадете спомени кои ќе останат со вас засекогаш, па еден ден ќе сакате да им ги раскажувате на вашите деца и внуци, кога ќе се сеќавате на најубавите денови од младоста, поминати во камп под отворено небо покрај езеро.

И сето тоа поради градот кој преку зима како да спие, мирува и едвај чека да дојде летото и новиот „Д Фестивал“.

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-11.jpg

Три дена слобода, музика, смеа, љубов на едно место.

Кога еднаш ќе го доживеете „Д Фестивал“, ќе му се враќате секоја година. Трите непроспани ноќи вреди да се доживеат повторно и повторно, бидејќи вакви фантастични журки од самрак до зори се случуваат само еднаш во годината. И само во Дојран, во кампот на фестивалот.

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-02_copy.jpg

Си легнувате – а во ваша близина веќе почнал нов концерт. Станувате – слушате музика која ве крева и полни со енергија.

Пеете, се журкате, па влегувате во езерото да се освежите и се враќате на нов концерт. Забава нон-стоп.

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-07.jpg

Дојран е навистина два света во едно – две спротивни приказни кои една без друга не можат.

Бидејќи на лето Дојран е „Д Фестивал“, а „Д Фестивал“ е звукот на Македонија.

neverojatniot-sharm-na-dojran-gradot-koj-na-leto-so-d-festival-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-08.jpeg

neverojatniot-sharm-na-dojran-maliot-grad-na-jugot-koj-na-leto-se-transformira-vo-najgolemiot-centar-na-zabava-10_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук „Д фестивал“

Би можело да ве интересира:

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg