Можностите што ги нуди Брисел не можат да се споредат со оние на Балканот и Македонија. Платите се високи, постои богат културен и ноќен живот, има разновидни евтини начини за патување, рој места кои можат да се посетат. Но, она кое навистина боде очи и прави да не се чувствуваш како дома е онаа темна страна на Брисел: првично студенилото на луѓето, болната немилосрдна потреба за газење напред во кариерата, преку сè и секој, и незаинтересираноста на луѓето да воспостават подлабок социјален однос со останатите. А тука е проблемот и со загадувањето, ѓубрето, облачното и врнежливо време, скапотијата, а тука се и терористичките напади и насилството.