Со душа чекавме да заврши пандемијата, за да можеме да го наполниме пасошот со печати како што отсекогаш сме посакувале.
Во Абиско, Шведска, можете да ја видите најубавата поларна светлина, додека на божиќните базари во Германија најдобро ќе ја почувствувате празничната атмосфера.
Далеку над Арктичкиот Круг, каде Атлантскиот океан се среќава со Арктичкиот океан, или ако треба да бидам попрецизнен во северна Норвешка се наоѓа едно место наречено Нордкап. И да - тоа е вистинска поларна бајка, токму како што замислувате.
„Градините беа затворени, на кулата се вршеа поправки и не можев да видам ништо од туристите и металните огради“.
Замислете сместување во игло среде шума под ѕвездено небо... Звучи бајковито и нереално, зарем не? Токму такво сместување постои во Копаоник.
Терминот Dark tourism односно Мрачен туризам бил измислен во 1996 година од професорите Џон Ленон и Малколм Фоли. Овој вид туризам, или Танатуризмот, како што понекогаш се нарекува во академската заедница, се однесува на места поврзани со смрт, катастрофа и уништување.
Крањска Гора е еден од најубавите алпски одморалишта во Словенија, а се наоѓа меѓу планините и ледените езера на Националниот парк Триглав. Популарното туристичко место е еден од најголемите скијачки центри во земјата во зима и популарна дестинација за прошетки во лето.
Кога патуваме сите посетуваме музеи, катедрали, цркви, храмови, алтернативни простори, уметнички галерии, но малкумина се одлучуваат да посетат гробишта.
Европските дестинации доминираат кога станува збор за пребарување на Гугл, па помеѓу 10-те најпопуларни се Париз, Рим и Амстердам. Кои други градови се помеѓу најпопуларните во 2022 година...
Движете се под сино ѕвездено небо од светилки на Аја Софија, уживајте во магијата на прекрасно украсениот плоштад Аристотел, истражете го живописниот дел од градот Лададика каде има магична атмосфера и традиционални таверни и барови и одете во забавниот божиќен парк - што да правите во Солун во сезоната на празнична магија?
Во пролет и лето лесно може да си го организираме времето и да смислиме некоја интересна активност. Може да ставиме ранец на грб и да се качиме во првиот авион. Но, каде во декември? И покрај тоа што важи за студен месец во Европа има одлични можности кои совршено можат да се вклопат во вашата патувачка агенда.
Чоколадното село покрај реката Драва е луксузно одморалиште сместено во прекрасен амбиент на природен парк во близина на Марибор, Словенија. Заборавете на диетата и добредојдовте во рајот каде што ќе бидете среќни да згрешите!
Загреб и годинава ја оправда титулата еден од најдобро празнично украсените градови во Европа. На сите страни елки, сијалички и новогодишна магија...
Доколку решите да го посетите нашиот источен сосед, или главниот град на Бугарија, Софија, мора да направите убава листа на активности кои треба да ги исполните, како би можеле во целост да го почувствувате градот и се што може истиот да понуди.
Најголемиот, а многумина би се согласиле и најубавиот полуостров во Хрватска, Истра, веќе десет години наназад, полека но сигурно, станува синоним за квалитетно винско подрачје, добитник на бројни меѓународни награди и признанија...
Викендов Инстаграм беше преплавен со фотки од тазе снег во Лондон, кој ја надополнува зимско-божиќната магија низ украсените улици и плоштади. Ве носиме на фото-прошетка низ зимската бајка во Лондон.
Кога ќе се заситиш од работната недела, најчесто не ти се прави ништо или ти се патува некаде.
Брунеј можеби не е многу позната туристичка дестинација, но некои патувачки блогери како Хрватката @vannabojovic обожаваат да ги истражуваат помалку популарните места и да раскажуваат приказни кои ние инаку не би ги слушнале.