Работев на брод 6 години – Кои детали најмногу ме изненадија на работното место (и никој не ми кажа за нив)?

„Патниците што не се враќаа на време ги остававме на пристаниште, додека другите шетаа ние имавме вежби за евакуација, а за љубовните врски беше важен и чинот што го имаш на бродот“ – девојка споделува кои работи ја изненадиле најмногу за време на нејзиното работење на брод.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-01.jpg

Авторката Шерон Во споделува повеќе интересни детали од нејзиното искуство од работењето на брод.

Како што вели, во својата статија за Insiderиако пред да почне да работи на брод направила детално истражување, сепак во своето искуство била изненадена од некои работи.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-02.jpg

Во продолжение погледнете кои работи најмногу ја изненадиле во 6-годишното работно искуство:

Чести медицински интервенции и евакуации

Лоши работи можат да се случат секаде и никој не е имун на срцеви удари, повреди и проблеми со здравјето, па дури и кога се на одмор.

„Знаев дека бродовите имаат доктори и медицински персонал, но не бев свесна колку добри специјалисти треба да бидат и колку се опремени медицинските центри на бродовите.

Честопати се случуваше патниците со сериозни нарушувања на здравјето веднаш да мора да бидат пренесени во болница во најблиското пристаниште или пак со хеликоптер“ – вели таа.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-03.jpg

Многу често се случува патниците да не се вратат од пристаништата

Шерон појаснува дека кога бродот застанува на пристаниште, патниците е потребно да се чекираат со картичка при излегување и влегување во бродот.

„Благодарение на овие каритчки секогаш знаевме дали некој од патниците не се вратил на крајот на денот.

Koга патниците беа на екскурзија со автобус организирана од агенцијата на крзуерот, најчесто ги чекавме да се вратат за да тргнеме, но ако патниците излезат самоволно и заборават да се вратат на време, најчесто тргнувавме без нив и тоа се случуваше многу почесто отколку што очекував“ – вели таа.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-04.jpg

Екипажот мора да внимава на безбедноста

Шерон била изненадена и од големиот број информации за безбедноста што морала да ги знае.

„Научив како да превртувам спасувачки чамец и мораше да знам на памет кој тип на противпожарен апарат смеам да го користам во секој дел од бродот, па дури и за просториите каде што ми беше забранет влезот, како просториите на капетанот или просторијата за моторот.

Исто така, имавме многу чести проби и вежбавме различни безбедносни мерки многу почесто од очекуваното. Најчесто додека патниците беа на копно и на екскурзии ние имавме вакви проби.

Вежбавме полнење на спасувачки бродови и евакуација на патници“ – раскажува Шерон.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-05.jpg

Екипажот мора да остане на бродот и кога не е на работа

Според појаснувањето на авторката, кога бродот ќе застане на пристаниште секогаш постои одреден број на членови на екипажот што мора да остане за да им помогне на патниците што останале во итен случај.

„Иако најчесто на членовите на екипажот им е дозволено да излезат и да прошетаат, секогаш постои распоред на работници што треба да останат и да се погрижат за оние што останале“ – вели таа.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-08.jpg

Никогаш не е здодевно

Иако најголемиот број членови на екипажот се на бродот за да работат и за да заработат, сепак има денови кога може да се опуштат и да уживаат.

„Понекогаш имавме можност и да се забавуваме. Најголемиот број бродови на кои работев имаа барови наменети за членовите на екипажот кои служеа пијалаци што се значително поевтини од пијалаците во баровите за гостите.

Имавме и забави за екипажот, а најчесто еднаш месечно имавме тематски забави на кои најмногу се радував“ - вели таа.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-10.jpg

Постои огромна поделеност помеѓу вработените на бродот

На бродовите обично има собарки, келнери, готвачи и голем број други вработени. Меѓу нив има и изведувачи, психијатри, вработени во гифт-шопови или во спа центри.

Тие се многу повеќе сконцентрирани на патниците и најчесто имаат пристап до делот со патниците кога се слободни.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-07.jpg

Исто така има и вработени што работат како одговорни за одредените оддели, на палубата на бродот или во контролната соба и освен што имаат пристап до делот со патниците, исто така имаат и поголеми привилегии од останатите вработени.

„Не очекував дека ќе постои рамноправност меѓу сите вработени, но исто така не очекував и поделбите да бидат толку очигледни. Оваа поделба можеше да се воочи и во меѓусебните односи и романтичните врски на бродот“ – раскажува Шерон.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-11.jpg

Исто така, таа појаснува дека на некои бродови и во собите на екипажот влегувала собарка што ги собирала нечистите униформи и ја менувала постелнината, а исто така и на вработените им било дозволено да се послужат со истата храна што е наменета за гостите.

Некои членови на екипажот успеваа да направат бизнис

Освен што заработуваат од работното место, некои членови на екипажот нашле начин и за дополнителна заработка.

„На еден од бродовите на кои работев некои вработени нудеа услуги за потстрижување додека не беа на работа.

Ако некој можеше да ти помогне така што ќе ти заврши некоја услуга, на пример земање кроасани од пекарницата, тоа веднаш го претвораше во услуга што ја наплаќа“ – појаснува таа.

rabotev-na-brod-6-godini-koi-detali-najmnogu-me-iznenadija-na-rabotnoto-mesto-i-nikoj-ne-mi-kazha-za-niv-06.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg