5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците
Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со години и ги имаат уредено како вистинска пријатна оаза. Кои се најпопуларните кампови во овој дел од Грција?
Дали сте повеќе за одмор во хотел, во изнајмен апартман, преферирате ресорт со all inclusive или, сепак, вашиот избор е кампот и сè што нуди овој начин на летување?
Ако сте од овие последните, а не сте летувале во камповите кои се наоѓаат многу близу до нас, ви препорачуваме да посетите барем еден од камповите во Пиериа кои се омилени меѓу Македонците.
Овие кампови нудат одлични услови за сместување, имаат продавнички, бич барови, бесплатен интернет, паркинг за автомобилот, а во некои постои можност сами да си донесете шатор или приколка.
Кои се најпопуларните кампови во Пиериа?
Camping Arion
Во близина на Платамона се наоѓа кампот Arion. Излегува на песочна плажа, а од спротивната страна има поглед на планината Олимп.
На ова пријатно место, поставувањето мал шатор за една ноќ чини од 5 до 7 евра (зависно од сезоната), а голем шатор е од 6 до 9 евра.
Поставувањето приколка чини меѓу 7 и 9 евра од ноќ, а ако сакате да изнајмите некоја од нивните приколки или шатори, тоа чини по 20 евра од ден.
Esperides Camping
На само 3km од Платамона се наоѓа еден од најпопуларните кампови во овој регион, Esperides.
Во овој камп многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со години и ги имаат уредено како вистинска пријатна оаза.
Сепак, постои можност и за изнајмување приколки, но и апартмани, а во кампот има и простор специјално уреден за правење скара.
Во близина има кафе барови, продавнички и супермаркет.