5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците

Odyessia Camping & Bungalowes

Во овој камп, кој е на 8km од Катарини, има место да се постават 120 приколки.

Доколку, пак, решите да изнајмите бунгалов, цената варира зависно од периодот, но се движи од 40 до 75 евра за вечер, за 3 лица.

Освен што излегува на песочна плажа со сламени чадори за сонце, кампот има и природна сенка од околните дрвја, асфалтирана патека за прошетка покрај морето, ресторан, игралиште за деца, неколку бич барови и мини маркет.

5-popularni-kampovi-vo-pierija-omileni-kaj-makedoncite-04.jpg

5-popularni-kampovi-vo-pierija-omileni-kaj-makedoncite-03.jpg

5-popularni-kampovi-vo-pierija-omileni-kaj-makedoncite-02.jpg

Camping Stomio

На 40km од Лариса се наоѓа кампот Stomio. Овој е меѓу најевтините за поставување приколки.

Па така, поставување приколка за една ноќ чини 6 евра, но за секое лице во приколката се плаќа меѓу 2 и 4 евра од ден.

Интересно за овој камп е што има посебна цена за сезонско поставување приколки, и тоа чини меѓу 1.000 и 1.200 евра за периодот од 15-ти мај до 10-ти септември.

View this post on Instagram

A post shared by Camping Stomio (@campingstomio)

Camping Poseidon

Во близина на Паралија е лоциран кампот Poseidon.

Тука може да изнајмите приколка, апартман или бунгалов. Кампот излегува на песочна плажа, има заедничка кујна, тоалет и туш.

Но, за разлика од повеќето кампови, тука не е дозволено да си донесете миленик.

https://www.instagram.com/p/Cg6fvWCqf9M/

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од 'фстак на Сицил...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg