Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Факти за племето Чимбу – се преправаат во скелети, мажите и жените живеат одделно

Има многу домородни племиња ширум светот со чудни култури и практики кои за нив се секојдневни и сосема нормални, но за нас можеби и не толку. Едно од таквите племиња е Чимбу или Симбу од Папуа Нова Гвинеја, кое живее во нејзините централни висорамнини.

tancuvaat-prepraveni-vo-skeleti-za-da-gi-izgonat-neprijatelite-od-planinite-na-papua-nova-gvineja-kako-zhivee-plemeto-chimbu-01.png

Терминот „Чимбу“ им бил даден на овие луѓе од првите австралиски истражувачи во 1934 година, кои го слушнале зборот „симбу“ (израз на пријатно изненадување или поздрав) кој го извикало локалното население кога првпат се сретнале со истражувачите.

Една од работите што го издвојува племето Чимбу од другите е нивниот танц на скелети кој е создаден за да ги заплаши непријателските племиња. 

Историјата на племето на скелетите

Според нивниот фолклор, морале да најдат начин да се соочат со другите племиња, па така дошла идејата да се преправаат во скелети. Смртта и духовите предизвикуваат страв кај племињата на Папуа Нова Гвинеја, па затоа овој танц на скелети бил одличен за да се заштитат.

Тие веруваат дека кога непријателот ќе ги здогледа, ќе поверува дека  тие не се луѓе и дека имаат натприродна моќ и ќе се повлечат од нивната територија.

Ова племе зборува кумански - еден од над 800 јазици во Папуа Нова Гвинеја.

Денес оваа традиција не ја практикуваат секој ден, а многу од членовите на племето се интегрирани во општеството на Папуа Нова Гвинеја. Ова не значи дека ги заборавиле своите корени, бидејќи племето сè уште главно живее одделено од другите и можат да се женат/мажат само меѓу себе, зборувајќи го својот јазик.

Традиционално, племињата Чимбу не живеат во села, туку во дисперзирани населби. Нивните типичните куќи се овални или правоаголни, со нечисти подови, ниски сламени покриви и ѕидови исткаени од трски.

Мажите живеат во големи заеднички машки куќи за одбранбени цели, додека жените, децата и животните живеат во посебни куќи.

Иако сега танцување и преправањето како скелети не го прават на дневна основа, сепак се подготвува за одредени ритуали, родендени, свадби како и за многуте фестивали во Папуа Нова Гвинеја или за туристи. 

Нивниот посебен јазик - кумански e еден од осумстотините јазици во оваа земја кој ги врзува за нивното минато и етничката припадност. 

M. Г. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg