Села, водопади, манастири: Локации низ Македонија кои за мене се совршен избор за викенд прошетки

Во овие зимски денови со нетрпение чекаме да дојде петок, да се оконча работната недела и да се препуштиме на слободното време скроено по наш мерак. Без разлика какви и да се вашите викенд планови, подарете си неколку часа пријатни мигови во природа. Макар само да се надишете чист воздух и да си ја разбистрите главата, пред да бидете преокупирани со стресните ситуации и проблемите што се составен дел од секоја работа.

tradicionalni sela vodopadi manastiri interesni lokacii niz makedonija za vikend prosetki 2

Па да почнеме! Можете да ја откриете воодушевувачката природа во селото Герман, чиј атар се граничи со границата со Србија.

Ако претходно немате одено во овој крај, поминете покрај училиштето, главната селска црква „Св. Троица“.

Кога ќе ги истражите шумските патеки и очите ќе ги наполните со убавина, пред самото одење поминете до „Галаксија“ и купете си нешто за по пат од скромниот асортиман на селската продавничка.

Доволни се неколку часа за да се почувствувате поубаво!

tradicionalni sela vodopadi manastiri interesni lokacii niz makedonija za vikend prosetki 5

Ако сакате повеќе пешачење и глетка која ќе допре до вас, тогаш натерајте се себеси да се најдете кај водопадите на реката Бабуна, кои се наоѓаат во близина изворот.

Во последен период, ова е доста посетена локација, па освојувањето на патот ќе биде забавно заедно со сите дрвени мовчиња, патокази, клупи и звукот што само шумите го поседуваат.

tradicionalni sela vodopadi manastiri interesni lokacii niz makedonija za vikend prosetki 3

Ако случајно се најдете на патот за Дебар, направете пауза и посетете го Бигорски манастир, кој според пронајдените записи бил основан од страна на монахот Јован Дебранин во 1020 година.

Посветен е на Свети Јован Крстител, а главниот празник на манастирот е Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител.

Самата местоположба и мирот што ќе го најдете помеѓу црквите, конаците, монасите и посетителите ќе бидат доволно барем накратко да ве огрее однатре.

tradicionalni sela vodopadi manastiri interesni lokacii niz makedonija za vikend prosetki 6

Знам дека има многу места вредни за спомнување, но во овој текст ќе го издвојам и селото Јанче – едно од најстарите мијачки села кај нас.

Ако патувате со автомобил, нема да имате никаков проблем да го најдете затоа што селото е лесно достапно. И, кога ќе најдете соодветно место за паркирање, погледот ќе ви шара околу педесетина куќи со специфична градба и стара архитектура.

За Јанче е интересно што селото успеало да си го задржи својот вистински идентитет. Скоро сите градби се од камен, земја и дрво.

Кога веќе сте таму, мора да ги пробате традиционалните специјалитети во ресторанот „Туто“ и ако имате можност, преноќете во Јанче. Затоа што вистинската бајка започнува кога на небото ќе се појават илјадници ѕвезди!

tradicionalni sela vodopadi manastiri interesni lokacii niz makedonija za vikend prosetki 4

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg