Браво! Бранка (69) од Белград почнала да патува на 58 години низ светот и посетила 130 земји
Бранка јадела месо со сомнително потекло во Мавританија, се ценкала со руски таксисти во Владивосток, потполно сама возела низ пустинската Намибија, се возела со автостоп во Малави и со товарен брод стигнала до најоддалечените норвешки острови. Оваа инспиративна Србинка во 6-тата деценија од животот одлучила да го живее својот сон...
Бранка Бабиќ Карајиќ (69) од Белград живеела како една „обична“ професорка сè додека не наполнила 58 години и не одлучила да си го претвори животот во авантура, патувајќи низ светот и фотографирајќи.
Оваа инспиративна Србинка досега посетила 130 земји и во најголемиот дел од нив отпатувала сосема сама.
Нејзината авантура започнала во 2012 година кога почувствувала неодолива желба да го истражи светот и одлучила да си ја исполни.
„Порано патував со семејството, со децата, на годишни одмори, а потоа моите деца завршија со образованието, си отидоа од дома и тоа ми даде време и финансии за да можам да патувам сама. Некако почувствував дека сакам да преминам некоја граница пешки и тоа го правам до ден денес.
Таа година на пример преминав граница пешки, од Хонгконг во Кина. Тоа ми беше навистина возбудливо и оттогаш почнав пешки да преминувам разни граници“, изјави Бранка за српските медиуми.
Инспирација за сето ова ѝ бил нејзиниот татко, кој бил меѓу првите Европјани кои ја посетиле Кина и тоа во далечната 1971 година, а фотографиите од оваа негова авантура на Бранка ѝ биле инспиративни целиот живот.
Бранка патува сама, користи локални автобуси, возови, се дружи со локалци и сака на најдобар можен начин да ја почувствува душата на земјите што ги посетува.
Вели дека јадела место со сомнително потекло во Мавританија, се ценкала со руски таксисти во Владивосток, потполно сама возела низ пустинската Намибија, се возела со автостоп во Малави и со товарен брод стигнала до најоддалечените норвешки острови.
Од Колумбија до Скандинавија, Индија, Најроби, Бранка е богата со искуства, кои ги споделува и на нејзиниот Инстаграм профил.
Инспиративно, зарем не?