Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Таџ Махал, Саграда Фамилија: Како изгледа внатрешноста на некои од најпознатите градби во светот?

Некои згради ширум светот се многу препознатливи однадвор што никогаш не би ни помислиле како би можеле да изгледаат нивните ентериери.

taj-mahal-sagrada-familija-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-nekoi-od-najpoznatite-gradbi-vo-svetot-01.fw.png

Кога станува збор за проучување на историјата на нова локација, посетителите можат да научат многу од набљудување на нејзините познати градби.

Очигледно, постојат и други методи за да се истражи една култура, кои може да се најдат во ткаенините, храната и музиката. Сепак, позната архитектура може да открие најмногу за еден регион.

Некои згради ширум светот се многу препознатливи однадвор што никогаш не би ни размислиле како би можеле да изгледаат нивните ентериери.

Во продолжение можете да погледнете фотографии од неколку познати градби низ светот и нивната внатрешност:

Саграда фамилија - Шпанија

Саграда фамилија е џиновска базилика лоцирана во Барселона која се гради од 1882 година.

Експертите веруваат дека црквата ќе биде завршена некаде по 2026 година.

Таа е едно од најпознатите дела на архитектот Антонио Гауди.

taj-mahal-sagrada-familija-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-nekoi-od-najpoznatite-gradbi-vo-svetot-02.png

Катедралата Свети Василиј - Русија

Катедралата Свети Василиј во Москва е дефинитивно една од најшарените и најпрепознатливите градби во светот.

Катедралата била нарачана од Иван IV во 1555 година.

taj-mahal-sagrada-familija-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-nekoi-od-najpoznatite-gradbi-vo-svetot-03.png

Забранетиот град - Кина

Забранетиот град во Пекинг, Кина, некогаш бил царска палата на императорот на Кина.

Целиот комплекс се состои од 980 згради и речиси 9.000 соби. 

taj-mahal-sagrada-familija-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-nekoi-od-najpoznatite-gradbi-vo-svetot-04.png

Манастирот Ад Деир - Јордан

Сега напуштениот град Петра во Јордан некогаш бил просперитетен град и главен град на Набатејското царство помеѓу 400 п.н.е. и 106 н.е.

На фотографиите е прикажан манастирот Ад Деир во Петра кој се наоѓа во карпа.

taj-mahal-sagrada-familija-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-nekoi-od-najpoznatite-gradbi-vo-svetot-05.png

Таџ Махал - Индија

Таџ Махал е веројатно најпознатата зграда во Индија.

Била подигната како мавзолеј за втората сопруга на императорот Могал Шах Јахан, а нејзината изградба била завршена во 1653 година.

taj-mahal-sagrada-familija-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-nekoi-od-najpoznatite-gradbi-vo-svetot-06.png

Статуа на слободата - САД

Статуата на слободата се наоѓа на островот Либерти во пристаништето Њујорк.

Статуата доаѓа од Французите како подарок за пријателството со американскиот народ.

taj-mahal-sagrada-familija-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-nekoi-od-najpoznatite-gradbi-vo-svetot-07.png

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
Палати од мраз, огромни скулптури од снег: Зимски фестивал во Кина е како новогодишна бајка (фото+ви... На фестивалот за скулптури од мраз и снег во Кина можете да видите огромни снешк...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg