Покрај малите плажи, овој мал црногорски град ќе ве маѓепса и со својата средновековна архитектура и старите ѕидини на кои е испишана историјата на градот. Овој град е комбинација на медитеранскиот шарм со југословенски зачин, средновековните ѕидови, моќната тврдина, стари рибарски бродови и прекрасните цркви, плоштадот и малите пазари, со сирење, пршута и свежа риба и морски плодови.