„За мене Охрид носи мирис на детство, има посебен шарм, а сега истражувајќи го неговото крајбрежје со глисер по воден пат сфатив дека навистина имаме непроценливо богатство... Водата на Трпејца, магијата на манастирот Заум, живописноста на јавањето коњи во Љубаништа ме прават горда и сакам на луѓето од целиот свет да им покажам што имаме и да им порачам – Дојдете во Македонија, видете го Охрид!“