Белите магични куќи го засенуваат црниот песок и вулканските карпи – како изгледаат најпознатите плажи на Санторини?

Заборавете на златниот и бел песок, карактеристичен за голем број летувалишта, плажите на Санторини се покриени со вулкански црни, црвени камчиња и црн песок, и имаат посебна магија. Кои се петте најпознати плажи на познатиот грчки остров?

belite-magichni-kukji-go-krijat-crniot-pesok-i-vulkanskite-karpi-kako-izgledaat-najpoznatite-plazhi-na-santorini-01.jpg

Островот Санторини е еден од најпознатите грчки острови. Препознатлив по белите градби со сини кровови, на овој остров досега се снимале голем број холивудски филмови, а важи за едно од најпопуларните туристички места.

Островот се протега на површина од 73km2 , а според пописот од 2011-та година има само 15.550 жители.

Островот се наоѓа во едно од најактивните вулкански подрачја, а во непосредна близина се наоѓа и вулканот Санторини кој последен пат еруптирал во 1950-та година, а се смета за активен.

View this post on Instagram

A post shared by Bill Xenos | Drone Filmmaker Greece (@billxen)

Таму пред 3.600 години се случила најголемата вулканска ерупција за која има пишани податоци.

Денес, Санторини е познато туристичко место, препознатливо по необичните градби и историјата, а помалку по плажите, кои иако не се со бел песок, сепак имаат посебна магија која вреди да се искуси. 

Во продолжение погледнете кои пет плажи на Санторини се најпознати:

Периса

Периса е најпознатата плажа на Санторини, препознатлива по црниот вулкански песок и омилено место за фотографирање на инстаграмџиите.

На неа има чадори и лежалки за посетителите, а има и центар за нуркање и воден парк.  

Таа е најпопуларната плажа за туристите и редовно има голем број интересни можности за активности, така што таму никогаш не може да ви биде здодевно.

Црвена плажа

Оваа плажа името го добила заради црвените вулкански камчиња и карпи, а има кристално чиста вода.

За да стигнете до оваа плажа потребно е да пешачите 10-тина минути или да земете бротче од плажата Периса.

Доколку сте во можност можете да изнајмите кајак или педалинка и да уживате во погледот од далеку.

На оваа плажа во карпа е сместена и црквата Agios Nicolaus која е една од најпознатите туристички места на островот.

Меса Пигадија

За разлика од другите две плажи, оваа изобилува со бели и светли камчиња. Таа е добро организирана со лежалки и чадори.

Освен тоа има ресторани за риба и имате доволно активности доколку сакате да останете на плажа во текот на цел ден.

Ако ја поминете познатата пештера на Меса Пигадија, ќе се најдете на Аспри Паралија или попозната како Бела плажа.

https://www.instagram.com/p/7KqMR_JtEc/?utm_source=ig_web_copy_link

Монолитос 

Оваа плажа е омилена кај туристите што доаѓаат со мали деца, заради плиткиот брег каде најмалите може безбедно да уживаат.

Плажата е опремена и со дрвени реквизити за децата, но и со терен за одбојка, а има и ресторани опремени со лежалки и чадори.

Амуди

Ако сте од оние што бегаат од гужви, тогаш треба да ја посетите плажата Амуди. Плажата е позната по карпите и длабоките води.

https://www.instagram.com/p/CRjxCjIrOgB/

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg