„Отидов на патување со крузер за да се сончам и да уживам, зошто се вратив разочарана?“

„Очекував дека патувањето ќе го поминам во пливање во базен и сончање, а целиот престој на крузерот ми помина во чекање во редици и постојано имаше гужва“ – раскажува девојката која одлучи да ја сподели приказната за тоа како навистина изгледа патувањето со крузер.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-01.jpg

Авторката Џои Хаден за Insider напиша статија во која преку фотографии прикажа како изгледало нејзиното прво патување со крузер на Ројал Карибиан.

Како што вели патувањето воопшто не ги исполнило нејзините очекувања, но тоа не значи дека на секое крстарење е таков случајот, станува збор за индивидуално искуство.

Во продолжение ви ја пренесуваме нејзината сторија во целост:

„Кога го резервирав патувањето со крузерот Wonder of the Seas на Ројал Карибиан очекував да уживам во извонредни погледи да се релаксирам во пливање и сончање. Но, моето прво искуство беше сосема поразлично од очекувањето.

Се сончав во бучна атмосфера, а околу базенот имаше толку голема гужва што едвај успевав да најдам столче, а сѐ друго гледав низ главите на присутните.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-13.jpg

Се разочарав уште пред да се качам на крузерот. Со оглед на тоа што живеам во близина на градот од каде што тргнуваше крузерот, моето патување почна со кратко патување со авион и престој во хотелска соба во близина на пристаништето Fort Lauderdale во Флорида.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-02.jpg

Кога пристигнав на аеродромот во Флорида, чекав 45 минути за хотелскиот превоз да ме земе. Ова беше првото од многуте патувања во преполни автобуси и сметам дека подобро ќе беше да си викнев такси.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-03.jpg

Следниот ден, се качив во автобус во кој беше многу топло, заедно со други луѓе што резервирале патување на крузерот и се упатив кон пристаништето.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-04.jpg

Не очекував дека ќе имам прекрасен поглед на пристаништето. Чекав долга редица за да влезам на терминалот на крузерот и сметам дека веќе требаше да ми биде јасно дека за време на патувањето многупати ќе чекам во долги редици.

Во терминалот на крузерот имаше уште една долга редица за да поминеме низ обезбедувањето. Додека чекав, се смеев читајќи ги знаците на кои пишуваше: „Оттука почнува авантурата.“

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-08.jpg

Кога се качив на бродот, бев возбудена што имав можност да го гледам океанот додека испловувавме, но погледот ми беше блокиран од висок, голем прозорец, до кој немаше место за да застанам.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-06.jpg

Бродот беше толку голем што неколкупати се загубив за време на мојот престој. Сепак, од помош ми беа мапите поставени на секој кат од крузерот.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-11.jpg

За време на мојот еднонеделен престој сфатив дека дури и најголемиот крузер во светот понекогаш може да биде преполн. Иако луѓето уживаа, голем дел од заедничките палуби ми наликуваа на преполни трговски центри.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-09.jpg

Имаше гужва и долги редици каде и да одев, па дури и во бифето. Базените беа преполни, а исто така и просторот околу нив.

Иако има правило лежалките да не се резервираат со крпи, сите го правеа тоа, па беше вистински проблем да се најде место.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-14.jpg

Ако чекав да дојде вечерта за да најдам место покрај базенот, почнуваше да дува ветер и беше премногу ладно за да уживам во базенот.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-15.jpg

За големиот број на активности на бродот мораше да се чекаат долги редици.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-12.jpg

На секое застанување на бродот, чекав редици за да поминеме низ обезбедувње при секое излегување и влегување во бродот. Иако ова ме нервираше, сепак се чувствував побезбедно.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-16.jpg

Според она што го слушнав од персоналот, на бродот имало уште 5.000 други патници и сфаќам зошто изгледаше дека има толку многу гужва, па сметам дека ако резервирам патување на брод со помалку патници ќе си поминам подобро.

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-18.jpg

Дополнително, следниот пат мислам дека ќе резервирам патување надвор од сезона за да ги избегнам гужвите.“

rezervirav-patuvanje-so-kruzer-za-da-se-soncham-i-da-uzhivam-zoshto-se-vrativ-razocharana-17.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg