5 национални паркови на Балканот кои вреди да ги посетите – лето на плажа не е единствената опција

Не нè сфаќајте погрешно - плажата секогаш ќе има посебно место во нашите срца. Но, понекогаш можете да ја замените со други одлични алтернативи, како што се националните паркови, и пак да се одморите.

5-nacionalni-parkovi-na-balkanot-koi-vredi-da-gi-posetite-leto-na-more-ne-e-edinstvenata-opcija-001.jpg

Националните паркови се зачувани области каде што можете да уживате во прекрасна природа далеку од гужвата. Можете да го посетите нашиот прекрасен национален парк Пелистер или неколку познати на Балканот.

5 национални паркови на Балканот кои вреди да ги видите барем еднаш во животот:

Национален парк Тара, Србија 

Овој национален парк е сместен во западна Србија и нуди прекрасни пејзажи, скриени вдлабнатини богати со флора и фауна, езера како од бајките и многу чуда на природата.

Како да стигнете до Тара?

Автобусите Ракета АБ редовно одат до Тара и локалните села во планината, од поголемите српски градови и назад, особено од Белград и Ниш.

View this post on Instagram

A post shared by Petra Skitnica © 👸🏼 (@skitnica)

Национален парк Корнати, Хрватска

Прекрасните острови Корнати во Хрватска се вистински белег на оваа фантастична дестинација и апсолутно вреди да се видат.

Тие се наоѓаат во Далмација, веднаш до брегот на Задар и импресионираат како најгуста група острови во Средоземното Море.

Како да стигнете до островите Корнати?

Пристигнувањето на островите Корнати е можно само со брод, обично тргнувајќи од градот Муртер.

Наједноставниот начин да се стигне до Муртер е со автобус, бидејќи има неколку автобуси кои патуваат дотаму од други хрватски градови, особено од Загреб.

https://www.instagram.com/p/CgrgqTpsEKI/

https://www.instagram.com/p/Cgwi0UnN8EC/

Национален парк Тет, Албанија

Тет во Албанија е потценета дестинација за одмор. Луѓето се љубезни, а ги имаат и најубавите планини!

Овој национален парк се наоѓа во крајниот северен дел на Албанија, во близина на границата со Црна Гора.

Како да стигнете до Тет?

Без разлика дали ќе одлучите да земете автобус од Скадар до Тет, или брод од Скадар до Валбона и потоа да пешачите до Тет, на крајот од вашето патување ќе треба да патувате од Тет до Скадар за да излезете од паркот.

Возењето со автобус од Скадар до Тет чини 10 евра и ќе трае околу два до три часа, во зависност од многу различни фактори врз кои немате контрола. Повеќето автобуси тргнуваат наутро.

https://www.instagram.com/p/CHPyOcegus-/

Национален парк Рила, Бугарија

Националниот парк Рила се наоѓа во југозападниот дел на земјата, во планината Рила.

Менаџерите на парковите имаат за цел да ја зачуваат и одржуваат биолошката разновидност, да ја заштитат дивата природа и да обезбедат можности за научни и образовни активности, развој на туризмот и еколошки начин на живот на населението.

Како да стигнете до Рила?

Најдобриот начин да стигнете до националниот парк Рила е да изнајмите автомобил. Исто така, можете да одите со автобус од Софија до Дупница, а потоа оттаму до Сапарева Бања, па до одморалиштето Паничиште.

Од одморалиштето можете да пешачите 1 до 2 часа за да стигнете до Рила, или да земете лифт што чини 10 евра, но за 20-25 минути сте во националниот парк.

Национал парк Дурмитор, Црна Гора

Овој неверојатен национален парк е формиран од глечери и низ него поминуваат реки и подземни потоци.

По должината на кањонот на реката Тара, која ги има најдлабоките клисури во Европа, помеѓу густите борови шуми има чисти езера и широк спектар на ендемична флора.

Како да стигнете до Дурмитор?

Жабљак кој се наоѓа во центарот на паркот на 1.450 метри надморска височина (највисоко лоцирана урбана населба во балканскиот регион) е местото до каде што треба да стигнете.

Најлесно е да изнајмите автомобил, но сепак има дневен автобус од следниве градови: Подгорица, Никшиќ, Пљевља и Мојковац, а цената на билет во еден правец е од 6 до 10 евра, во зависност од градот од којшто ќе тргнете.

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg