Топ 10 градови во Европа кои треба да ги посетите ако сте љубител на добро пиво

Со толку многу ново пиво кое се приготвува во последната деценија, некои градови станаа синоним за културата на пивото и сè што е поврзано со него. Така, се поставува прашањето: Кои се најдобрите градови за љубителите на пиво?

top-10-gradovi-vo-evropa-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-ljubitel-na-dobro-pivo-01.jpg

Овие градови прават љубителите на пиво да се чувствуваат како дома, бидејќи таму пивото е дел од културата во кое треба да се ужива во секој дел од денот! Ви споделуваме неколку градови и што да посетите таму според рецензиите на Google од локални жители и туристи.

Прага, Чешка

Луѓето во Прага пијат повеќе од кое било друго место на Земјата, имаат одлично пиво и на никој не му пречи дали само сакате да се разладите на тротоар или да останете цела вечер во бар.

festival-na-plovechko-pivo-pivarnici-barovi-i-odlichna-atmosfera-najdobrite-gradovi-vo-evropa-za-ljubitelite-na-pivo-02.png

Што да посетите?

За традиционално искуство, посетете ги U Fleku, Bredovsky Dvur и U Vejvodu.

View this post on Instagram

A post shared by Restaurace Bredovský dvůr (@bredovskydvur)

Даблин, Ирска

Пиењето пиво е начин на живот во родниот град на Гинис, кој можеби не е врвен извоз во Ирска, но сигурно се рангира меѓу најомилените производи во земјата.

festival-na-plovechko-pivo-pivarnici-barovi-i-odlichna-atmosfera-najdobrite-gradovi-vo-evropa-za-ljubitelite-na-pivo-03.png

Што да посетите?

Не смеете да си одите дома, без да ја посетите Guinness Storehouse. Можете исто така да отидете на пешачка тура низ градот која завршува со бесплатно пиво во Gravity Bar на покривот.

https://www.instagram.com/p/CdgUbKOszOv/?utm_source=ig_web_copy_link

Минхен, Германија

Минхен е прв кога станува збор за германските пивски градови. Она што го става на врвот, се разбира е Октоберфест. Но, не чекајте за Октоберфест за да го пробате одличното германски пиво. Тоа можете да го сторите во секое годишно време!

festival-na-plovechko-pivo-pivarnici-barovi-i-odlichna-atmosfera-najdobrite-gradovi-vo-evropa-za-ljubitelite-na-pivo-04.png

Што да посетите?

Посетете ги пиварниците Hofbräuhaus од 6-ти век и Weihenstephan од 11-ти век.

Брисел, Беглија

Брисел произведува пиво со векови, и како културен центар на Белгија, тој исто така е нарекуван и пивска градина. Брисел има сè, па вашиот фетиш за пиво сигурно ќе биде прифатен.

festival-na-plovechko-pivo-pivarnici-barovi-i-odlichna-atmosfera-najdobrite-gradovi-vo-evropa-za-ljubitelite-na-pivo-05.png

Што да посетите?

Delirium Café e локалното место кое многу луѓе го предлагаат и кое воодушевува со неверојатни 2.000 различни видови пиво.

https://www.instagram.com/p/BrpW9f_gTFL/?utm_source=ig_web_copy_link

Амстердам, Холандија

Амстердам, исто како и соседната Белгија, дава одлична релаксирачка атмосфера и многу одлични места каде што ќе уживате во некои од најдобрите пива. Секако од таму доаѓа и добро познатото Heineken.

festival-na-plovechko-pivo-pivarnici-barovi-i-odlichna-atmosfera-najdobrite-gradovi-vo-evropa-za-ljubitelite-na-pivo-06.png

Што да посетите?

Посетете го Proeflokaal Arendsnest за да пробате некои од 100-те различни пива или обиколете ја пиварницата IJ за да ги пробате производите направени во традиционална ветерница.

Виена, Австрија

Можеби се чудите зошто Виена е на оваа листа, но знаеме дека повеќето луѓе не се запознаени со австриското пиво, иако тоа е едно од најдобрите.

Виенските пива се произведуваат локално и не се продаваат надвор од земјата, што значи дека треба да патувате таму за да го пробате ова пиво, а зошто да не?

festival-na-plovechko-pivo-pivarnici-barovi-i-odlichna-atmosfera-najdobrite-gradovi-vo-evropa-za-ljubitelite-na-pivo-15.jpg

Што да посетите?

Посетете го 7Stern Bräu за сезонски виенски сорти, Gösser Bierklinik од 17-ти век за пивото Bräu Union и Bermuda Bräu за традиционални локални пива.

https://www.instagram.com/p/B6EpqZNFCsx/?utm_source=ig_web_copy_link

Хелсинки, Финска

Хелсинки ги олабави своите закони за производство на пиво во последниве години, па сега секој може да произведува свои микропроизводи во главниот град на Финска.

festival-na-plovechko-pivo-pivarnici-barovi-i-odlichna-atmosfera-najdobrite-gradovi-vo-evropa-za-ljubitelite-na-pivo-07.png

Што да посетите?

Kaljakellunta или фестивал на пловечко пиво е нешто што туристите и локалните жители го обожаваат.

Каков е овој фестивал?

Илјадници луѓе во мали гумени сплавови опремени со ништо друго освен со многу пиво си лебдат по реката Вантаа во близина на Хелсинки. Заслужува да биде на оваа листа.

M. Г. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg