Породилното отсуство трае 3 години и уште 7 факти за Чешка што сигурно не ги знаете
Ако одите во Прага, можете да посетите некој од спа-центрите кои нудат бањи со пиво, за кои се верува дека го намалуваат стресот и го зајакнуваат имунитетот.
Прекрасната Чешка е земја на замоци и планини, историја и шарм. Чешка е популарна дестинација за туристите не само од Европа, туку и од целиот свет.
Затоа, денес сакаме да споделиме со вас неколку интересни работи за оваа земја за кои можеби немате слушнато порано:
Најдолго породилно отсуство
Ако имате патувано во Чешка, тогаш низ градовите сигурно имате видено многу мајки како се шетаат со своите деца.
Тоа е така бидејќи породилното отсуство таму трае 3 години, па мајките имаат многу слободно време кое го посветуваат на нивните деца.
Можете да се бањате во пиво
Дали знаевте дека високата содржина на масло од хмељ во пивото помага да се отворат вашите пори и да имате поблескав изглед? Па, затоа не пропуштајте да се капете во пиво кога ќе отидете во Прага!
Освен тоа, луѓето веруваат дека капењето во пиво помага за подобрување на имунитетот, го стимулира метаболизмот и го намалува стресот.
Печениот свински зглоб е најголем деликатес
Овој чешки деликатес можеби не звучи чудно за сите, но за други може и да е. Сепак, ако обожавате месо, ова традиционално јадење е токму за вас.
Најголемиот клуб во централна Европа се наоѓа во Прага
Повеќето луѓе сакаат забава, а Прага е еден од најдобрите градови во Европа за да ве задоволи. Karlovy Lázně, веднаш во центарот на градот, е најголемиот клуб во централна Европа.
Нуди различни барови, подиуми за танцување, тематски уредени простори (вклучувајќи и леден бар) и музика која одговара на сечиј вкус.
Роботите потекнуваат од Чешка
Зборот „робот“ првпат се појавил кога чешкиот писател Карл Чапек го употребил во една драма. Тој го искористил зборот за да опише суштества кои можат да ја вршат сета работа што луѓето не сакале да ја направат.
Во Чешка се наоѓа најголемиот замок во светот
Дали знаевте дека најголемиот замок во светот се наоѓа во Прага?
Средновековниот замок широк 130 метри привлекува речиси 2 милиони посетители секоја година и се наоѓа на прво место во Гинисовата книга на рекорди.
Во Чешка се наоѓа една од најтесните улици
Најтесната улица во Прага е широка едвај 50 сантиметри, па затоа што е толку тесна што има свој семафор.
Семафорот ги спречува пешаците да се сретнат на средина и да се чудат како да поминат еден покрај друг.
Луѓето обожаваат печурки
Освен што обожаваат да ги јадат, во крајот на септември Чесите дури имаат и ден посветен на печурките.
Немојте да се чудите ако во сите ресторани на менито видите многу опции со печурки.
М. Г. | Црнобело / фото: Инстаграм, canva.com