6 светски дестинации на кои мора да отпатувате доколку обожавате цвеќиња, растенија и необични билки (фото)

Патуваме поради многу различни причини, бидејќи секој од нас е во потрага по нешто кое очекува да го пронајде на крајот на дестинацијата. Љубителите на музиката се во потрага по концерти, љубителите на филмот ќе најдат локации каде што се снимале класици или големи блокбастери.

6-svetski-destinacii-so-cvekinja-rastenija-i-neobicni-bilki-01.jpg

Љубителите пак на модата, уметноста, архитектурата и гастрономијата ќе изберат локации според нивните лични преференции.

Оние кои ги сакаат растенијата и недопрената природа во нејзината оригинална форма ќе бидат воодушевени од земји и градови каде што растенијата се дел од секојдневниот живот и можеме да кажеме – дел од локалниот идентитет.

Џиновски „чудовишта“ на секој чекор, кактуси со импозантни големини, тропско овошје во градините, мирисливи лековити растенија во речиси секој двор…

Ова се најдобрите светски дестинации за сите љубители на растенија, билки и цвеќиња:

Малага

Малага е град во шпанската провинција Андалузија, на југот на Шпанија со излез на Средоземното Море. Медитеранската клима и близината на Африка се клучот за неверојатно топлата клима, што резултира со бујна вегетација.

Улиците се буквално цветни паркови, а каде и да свртите можете да видите големи кактуси и разни тропски растенија, дом на многубројни папагали.

https://www.instagram.com/p/Cf2f_ydKe3e/

Мадеира

Островот Мадеира е ботаничка градина сам по себе, особено неговиот главен град Фуншал. Каде и да тргнете ќе наидете на различни егзотични растенија и дрвја.

Овој португалски остров се истакнува со неговата едноставност и зачувување на природните ресурси, а мора да ги пробате и минијатурните банани.

Неговото вулканско потекло е одговорно за волшебната природа. Откако е откриен во 1419 година, тој е наречен и „остров на дрвјата“. Погледнете и самите зошто.

Мексико

Мексико е земја во Северна Америка која се граничи со САД на север, Гватемала, Белизе и Карипското Море на југоисток, додека има пристап до Тихиот Океан на запад и Мексиканскиот Залив на исток.

Токму оваа прекрасна географска локација е одговорна за неверојатното растително богатство на оваа област.

Дури и во областите каде што има суша, љубителите на растенијата ќе „полудат“ бидејќи кактусите кои може да ги видите во Мексико се најголемите во светот.

Прованса

Не е никакво чудо зошто светски познатиот сликар Винсент Ван Гог ја заменил студената, ветровита и облачна Холандија за сончевите и огромни цветни рамнини на Прованса, за да ги наслика своите познати сончогледи.

Прованса е регион во југоисточна Франција од каде потекнуваат бројни есенции од цвеќиња кои стануваат дел од козметиката и парфемите.

Огромните полиња со лаванда, сончогледи, маслинки и лозја мора да ги види секој барем еднаш во животот.

Амстердам

Холандија е земја на лалиња, ветер, сирење. Земја во која системот е регулиран, а богатите се селат на село на минимум квадратни метри за да уживаат во животот.

Колку помалку сончеви денови во годината – толку повеќе се ценат во Холандија. Нивните села се неверојатно зелени.

Живописната вегетација може да се види на секој чекор, а нема прозорец каде што нема да видите цвеќиња.

Амстердам е познат и по својот пловечки цветен пазар, кој секој љубител на растенија мора да го посети. Верувајте, нема да зажалите.

Јапонија

Јапонската цреша или Сакура е причината зошто треба да ја посетите Јапонија кога ќе процвета, а тоа е на крајот на март и почетокот на април.

Набљудувањето на јапонскиот цут на цреши е традиција, а со оглед на тоа што трае само две недели, многу луѓе се одлучуваат да ја посетат оваа земја во овој временски период од годината.

Гледањето во живо на овој спектакл на природата е едно од оние животни искуства кои засекогаш ќе останат врежани во вашата меморија.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg