„Бев во Валона – што ме воодушеви најмногу?“

Градот Валона е прекрасен и може да ве заведе со својата млада, студентска и динамична атмосфера, но интересот е најпрво за плажите кои се наоѓаат на неколку километри од градот, кои ве уверувам дека се меѓу најубавите во Албанија и навистина нема да се покаете ако отидете на еднодневна екскурзија дотаму за време на вашиот престој во Албанија.

bev-vo-valona-a-osven-gradot-gi-posetiv-i-najgolemiot-ostrov-i-poluostrov-vo-albanija-koi-navistina-me-voodushevija-01.png

Валона е одлично место за одмор во јуни и јули кога има најмногу туристи и некои од студентите се сè уште таму, но ако барате помирна атмосфера, најдобро е да патувате кон крајот на август или во текот на септември.

Цените се пристапни и верувам дека има добар избор за сите.

bev-vo-valona-a-osven-gradot-gi-posetiv-i-najgolemiot-ostrov-i-poluostrov-vo-albanija-koi-navistina-me-voodushevija-08.png

bev-vo-valona-a-osven-gradot-gi-posetiv-i-najgolemiot-ostrov-i-poluostrov-vo-albanija-koi-navistina-me-voodushevija-09.png

Идеи како да се забавувате таму:

Екскурзија со брод (Сазан - Хаџи Али - Карабурун)

Додека шетате низ градот ќе пронајдете неколку опции за екскурзија со брод до островот Сазан и полуостровот Карабурун. Сите компании ја следат истата рута, но помалите бротчиња освен што одат на островот и полуостровот, исто така влегуваат и во пештерата Хаџи Али.

Еден ден пред денот на екскурзијата треба да направите само резервација. Во зависност од тоа која компанија ќе ја одберете, ќе бидете информирани каде е точното место за поаѓање. Овие тури, за жал, сè уште не се погодни за клиенти во инвалидска количка.

Цена: 25 евра (за сите бродови, освен за приватните јахти).

Поаѓање и враќање: Помеѓу 9ч и 18ч во зависност од компанијата.

Рута:

Патување до островот Сазан кое трае околу 1 час.
Поминувате 1 час и 30 минути на островот, а потоа се упатувате кон пештерата Хаџи Али (ако одите со мал брод поминувате 30 минути внатре).
Од таму патувате околу 20 минути до полуостровот Карабурун каде што останувате 3-4 часа и од таму враќање до Валона околу 30 минути.

Островот Сазан

Сазан е, всушност, мал рај на дива и незагадена природа, каде што можете да истражувате патеки кои не се баш лесни, но крајно фасцинантни и мистериозни и се доказ за неговото бурно воено минато.

Островот Сазан никогаш не бил населен, а за првпат бил користен од фашистичкиот режим на Италија во 1930-тите. Бил одбранбено пристаниште за комунистичката влада на Албанија и база за 3.000 војници. Отворен е за туристи од 2015 година.

bev-vo-valona-a-osven-gradot-gi-posetiv-i-najgolemiot-ostrov-i-poluostrov-vo-albanija-koi-navistina-me-voodushevija-06.png

Овде, кристално чистите води и плажите кои го одземаат здивот се контрапункт на урнатините од Студената војна, од кои дел археолозите откриле и изложиле во Археолошкиот музеј во Драч.

Кога стигнавме на островот бевме само нашата група, па го најдовме најдоброто место на плажата (островот е мал, нешто помалку од 6 квадратни километри). Ако е премногу топло ви препорачувам да носите шешир, бидејќи нема да најдете место за да се скриете под сенка (освен ако не отидете подалеку од плажата), а овде нема лежалки ниту ресторани.

bev-vo-valona-a-osven-gradot-gi-posetiv-i-najgolemiot-ostrov-i-poluostrov-vo-albanija-koi-navistina-me-voodushevija-07.png

Пештерата Хаџи Али

Пристигнувајќи во пештерата Хаџи Али (позната и како Илирска пештера), можете да нуркате или да останате на бродот. Пештерата го добила името по пиратот Хаџи Али, кој ја користел како засолниште во 16-ти век. За неговата храброст во одбраната на Албанија од инвазиите на британската, турската, неаполската и венецијанската флота, Хаџи Али станал многу познат и почитуван.

bev-vo-valona-a-osven-gradot-gi-posetiv-i-najgolemiot-ostrov-i-poluostrov-vo-albanija-koi-navistina-me-voodushevija-04.png

Полуостровот Карабурун

Љубителите на природата нема да бидат разочарани. Овде можете да одите на пешачење, планински велосипедизам, спортови на вода, забава со пена. Островот е покриен со шуми од врвот на планините сè до плажите.

bev-vo-valona-a-osven-gradot-gi-posetiv-i-najgolemiot-ostrov-i-poluostrov-vo-albanija-koi-navistina-me-voodushevija-05.png

Ние бевме на плажата Шен Васили, каде што уживаме во недопрената плажа, неверојатната природа и кристалните води.

Тука ресторанот и лежалките може да чинат повеќе отколку оние покрај градските плажи, но можете да си приготвите храна и да однесете со себе, а ако сакате да заштедите пари на лежалка, ќе најдете и некое дрвце каде што ќе се скриете кога сонцето ќе почне да ви пречи.

bev-vo-valona-a-osven-gradot-gi-posetiv-i-najgolemiot-ostrov-i-poluostrov-vo-albanija-koi-navistina-me-voodushevija-11.png

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg