Плажата Tigania на вториот крак во Грција наликува на Кариби – како се стига и што да очекувате на ова скриено парче рај? (фото)
До неодамна, плажата која со палмините чадори и тиркизната вода потсеќа на Кариби, беше скриено богатство, но денес е многу популарна и секогаш на листите на најубави плажи на Халкидики – како се стига дотаму, што да очекувате, кои се позитивните и негативните страни?
Tigania е една од најуникатните плажи на Ситонија, со ситен песок како прав, тиркизна вода и впечатливи чадори од палмини листови, по кои е препознатлива.
Секогаш се наоѓа на листите на плажи кои треба да се посетат на Халкидики, посебно за оние кои сакаат да уживаат на скриено парче рај, далеку од плажите со гужва и забава.
Спаѓа под областа Сикија, пристапот до плажата не е многу лесен, а треба да ги следите патоказите и ознаките кои се испишани на самиот пат и водат до плажата.
Ако доаѓате од страната на плажата Климатарија, продолжете право по патот, под мостот, и кога ќе го поминете свртете десно по земјениот пат нагоре за да се качите на мостот и да го преминете, а таму веќе ќе видите и знаци за плажата и бич баровите.
Треба да возите внимателно заради дупките и оштетувањата на патот, во близина на плажата има паркинг, од каде треба да пешачите уште неколку минути.
Тиганија се состои од три мали плажи, поделени со карпи, организирани со бич барови, лежалки и чадори од трски кои ѝ даваат егзотичен изглед.
Добро е да знаете дека на плажата нема туш, нема тоалети со високи критериуми, во барот има неколку јадења кои се продаваат по малку поскапа цена и пијалаци со кои може да се освежите, со оглед на тоа што не смеете да носите свои пијалаци и храна.
Лежалките се наплаќаат со консумација, а мислењата на TripAdvisor се поделени – додека едни сметаат дека е плажа која мора да се посети, други се разочарани од лошата услуга на персоналот и не ја препорачуваат.
Сепак искуството за бич баровите е индивидуално, но плажата е дефинитивно уникатна и вреди да се посети, а фотките се доказ за тоа:
https://www.instagram.com/p/ChAbvzsI03X/
https://www.instagram.com/p/CfZA3nNIGDB/
M. M. | Црнобело