Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Airbnb сместување во Шпанија кое потсеќа на серијата „Squid Game“ - има 50 станови, а изградено е пред 50 години

Се сеќавате на оние скали со шарени бои по кои натпреварувачите постојано одеа за време на игрите во епизодите на „Squid Game“? Живописниот станбен комплекс наречен La Muralla Roja, кој се наоѓа во шпанскиот град Калпе, има речиси идентичен архитектонски изглед како споменатите скали од „Squid Game“.

airbnb-smestuvanje-vo-shpanija-koe-potsekja-na-serijata-squid-game-dali-bi-prestojuvale-tamu-01.png

Ова е една од најпознатите градби во светот и е стара повеќе од четириесет години, но сè уште е актуелна благодарение на боите.

Завршена во 1973 година, таа е една од првите згради на архитектот Рикардо Бофил со 50 станови, базени, солариум и тераси со поглед на море кои денес се предмет на универзитетски студии, па дури таму се снимаат и сцени за модни филмови.

La Muralla Roja не само што се разликува од вообичаените туристички промоции по својата експресивна композиција, туку и по пристапот кон голема заедница каде што внатрешноста и надворешноста се спојуваат, фаворизирајќи го животот на отворено.

Ова Airbnb сместување толку потсетува на сцени од серијата што во текот на изминатата година стана една од најбараните дестинации меѓу љубителите на драмата, кои се почесто го посетуваат за да искусат дел од нивната омилена серија во реалниот живот, но на најбезбеден можен начин.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg