Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монденски плажи и туристички атракции, но бев пријатно изненадена од природната убавина на овие мали острови, од кои повеќе се француски колонии, иако многу далеку од Европа. Но, наспроти природната убавина, малите градови не нудат ништо особено, многу стари градби, полупразни маркети со непознати марки и производи и улици кои се преполни со тезги, дури месо и риба се продаваше на мали маси или гајби распослани на импровизираните тротоари.