„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско месо“

„Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, вулканот Етна, место каде се пие вкусно вино, а повеќето специјалитети се со ф'стаци. Таму пробав и бургер од коњско месо, нешто што никогаш не сум јадела во Скопје. А се стигнува лесно, преку Софија со авион (и лет кој ме чинеше 27 евра во двата правци)“.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-01.jpg

Првата асоцијација за Сицилија секогаш е мафијата. Но, кога ќе го посетите овој прекрасен остров, за кој велат дека е парче откинато од Африка и припоено кон Европа, ќе сфатите дека ништо не е онака како што сте очекувале, бидејќи островот ќе ги надмине сите ваши очекувања.

Сицилија е најверојатно најнеиталијанскиот остров во цела Италија. Ова го почувствував уште првиот ден кога пристигнав во Катанија, градот до кој летаат авионите од Софија.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-67_copy_copy.jpg

Бидејќи нема директен авион од Скопје, со пријателите со автомобил за помалку од 4 часа стигнавме до главниот град на Бугарија.

Иако имаше неколку опции како да се стигне до Сицилија, летот од Софија ни се чинеше дека е најдобра од сите, бидејќи чинеше 27 евра во двата правци, а доплативме уште малку за приоритетен влез со кабински багаж.

Автомобилот го оставивме пред зградата на наши пријатели кои живеат во Софија, и сите заедно тргнавме во авантура.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-44_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-46_copy.jpg

Уште пред поаѓање имавме резервирано автомобил преку рент-а-кар компанија која имаше претставништво на аеродромот.

За 5 дена плативме нешто помалку од 250 евра.

Слетавме доцна навечер, и иако врнеше, во воздухот се чувствуваше необична топлина - како да не беше средина на есента, туку летен ден во кој случајно заврнало.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-47_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-134_copy.jpg

Бевме сместени во центарот на Катанија, во огромен стан кој го плативме 500 евра за 6 луѓе за 4 ноќи.

Единствениот проблем беше што под зградата во која бевме сместени имаше огромен маркет, па секое утро уште пред 5 часот пристигнуваа камиони и ја истовараа робата под нашите прозорци.

По првата непреспана ноќ поради вревата, утрото во станот најдовме тампони за уши, кои ни ги оставил сопственикот, знаејќи што сте случува секоја ноќ во неговата зграда.

Кога е во прашање моето друштво, мислам дека сме многу организирани. Во групата има еден-двајца кои однапред прават план за сè што ќе посетиме, па уште пред тргнување знаевме каде ќе одиме.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-49_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-05_copy.JPEG

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-21_copy.jpg

На агендата за првиот ден ни беа Ното и Сиракуза. Иако лесно се снаоѓавме по италијанските патишта, фактот што бевме на есен, значеше дека многу патишта се (полу)затворени и се реновираат, се асфалтираат и средуваат пред следната летна сезона, бидејќи Сицилија ја посетуваат туристи од целиот свет.

Навигацијата на моменти толку многу „нè вртеше“, што видовме делови од Сицилија кои најверојатно ретко кој турист ги гледа – прекрасни ридови, селца изградени високо во планинските предели, прекрасни зелени пространства со лозја од кои потекнуваат најубавите сицилијански вина - оние што го надразнуваат непцето и не можете да им се донасладите.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-17_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-19_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-18_copy.jpg

Ното ме изненади со својата топлина. Мал град со тесни улички, калдрми по кои, преку лето најверојатно „врие“ од туристи, а кои сега беа спокојни и мирни.

Прекрасната архитектура ни го одземаше здивот, повеќе (се) сликавме, отколку што се шетавме. Но, кога сакавме да седнеме на кафе – немаше отворено кафуле или бар.

Поради познатата италијанска „сиеста“, времето за пладневен одмор, скоро ништо во градот, не работеше помеѓу 14 и 18 часот.

Ништо поразлични не беа ни останатите градови на островот - сè беше раздвижено до 14, а потоа како да заспиваше додека не се стемни.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-22_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-60_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-62_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg