„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско месо“

Следниот ден го посетивме најмонденското место на островот - Таормина.

Градот кој изгледа како италијански Монте Карло е прекрасен.

За разлика од Ното и Сиракуза, кои изобилуваа со историски градби и архитектура, Таормина е помодерно место, спој на традицијата и современото.

Дуќани со скапи брендови, продавници од кои се чувствуваат скапи мириси, хотели во кои не можете да влезете и да ги видите, дури и од љубопитност (како оној во кој е снимена втората сезона од серијата Thе White Lotus, а кој е скриен зад високи ѕидини).

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-85_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-28_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-92_copy.jpg

Откако се прошетавме низ градот и ја посетивме ботаничката градина од која се пружа спекакуларен поглед, седнавме на „џелато“.

Мојот избор и овојпат беше ф'стак.

На Сицилија ф’стакот се користи буквално во секоја храна - и во солените и во слатките специјалитети.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-08_copy.JPEG

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-95_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-90_copy.jpg

Следниот ден патот нè одведе до Долината на храмовите, во близина на Агриџенто - еден од најстарите археолошки локалитети на островот, каде што се наоѓаат грчки храмови кои датираат од околу 580-та година п.н.е, а кои се посветени на Зевс, Хера, Херкул и други богови...

Занемев од убавината на местото, гледајќи ја целата античка историја пред мене.

И знам дека туристите од кај нас најчесто одат во Таормина, Катанија, Сиракуза и Палермо, но Долината на храмовите е нешто што мора да се посети.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-116_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-36_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-110_copy.jpg

Оттаму тргнавме кон плажата Scala dei Turchi (Турските скали), препознатлива по белата боја и гребенот во форма на скали.

И додека по патики и капути шетавме по песочната плажа, одеднаш почна толку да врне силен дожд и да дува толку силен ветер, што мораше да се вратиме назад и да се засолниме.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-120_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-39_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-38_copy.jpg

Додека чекавме да преврне, го пробавме локалниот специјалитет аранчини.

Аранчини е ориз обликуван во вид на конус или топче, наполнет со месо, сирење, шунка или кашкавал, извалкан во презла и испохуван.

Превкусно! И зависи од тоа каде го јадете, чини од 1,5 до 3,5 евра.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-43_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-139_copy.jpg

Иако сакаме да одиме во Палермо, плановите ни ги расипа штрајкот на вработените во италијанската железница, па тие денови немаше возови кои сообраќаа од Катанија до Палермо и назад.

Решивме да не тргаме ни со автомобил, бидејќи нè предупредија дека патувањето кое вообичаено трае околу 4 часа, поради затворените патишта и градежните работи, може да трае и преку 6 часа во еден правец.

Но, патот нè одведе и до Месина...

А таму, малку шетавме, го пробав првото Негрони во животот (и сфатив дека ми е повкусно од Аперол), направивме неколку фотки и се вративме во Катанија.

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-88_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-89_copy.jpg

od-skopje-do-sicilija-stignav-za-6-chasa-letav-preku-sofija-za-27-evra-jadev-burger-od-konjsko-meso-91_copy.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg