Козјак во зима – волшебно место кое потсетува на снежна бајка
Под снежната покривка, Козјак личи на најубавата зимска разгледница – зимзелени дрвја прекриени со снег, по некоја стапка од чевли по неразгазениот снег, белина до каде што се пружа погледот.
Снегот кој деновиве ги побеле планините и некои од повисоките градови во земјава, не го одмина ни Козјак.
Ова место, кое е едно од омилените на скопјани во текот на пролетта и преку лето, на зима потсетува на најубава снежна разгледница.
Зимзелените дрвја се прекриени со снег, се гледа само по некоја стапка од чевли по неразгазениот снег, а бело е до таму до кај што ви се пружа погледот.
А ако немате идеја што би правеле следниот викенд, Козјак може да биде вашата дестинација за уживање и чист воздух (дури и да нема снег).
Погледнете како изгледа:
https://www.instagram.com/p/C088tnQsK2j/
А. Ј. | Црнобело