Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилените?
Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот на цимет и греено вино во воздухот, а божиќните базари се посебно искуство...
Прекрасна архитектура, вкусна храна и вино, култура и неколку божиќни базари кои им се омилени на Унгарците, но и на странците.
И токму тоа ја прави Будимпешта една од главните туристички дестинации во декември, кога секаде наоколу се слуша празнична музика, светат илјадници светилки, а новогодишните елки се главна атракција за фотографирање.
Ова е и време кога опива мирисот на цимет и греено вино во воздухот.
Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември.
Ако сакате да видите некои од најубавите празнични базари, каде што ќе можете да си купите украси од шеќер, слатки од марципан, да се насладувате на празниците и совршената атмосфера, тогаш сè уште имате време да испланирате посета на Будимпешта и нејзините божиќни маркети.
А, не може да биде поедноставно - со авион од Скопје до Будимпешта се стигнува за околу 50 минути, а цените на авионските билети се меѓу најевтините за нас (споредено со другите европски дестинации).
Базарот пред базиликата Свети Стефан е еден од најпосетените.
Со прекрасна елка поставена во средината на плоштадот, но и неколку десетина куќички во кои се продаваат празнични дребулии, ова ќе биде местото од каде што нема да сакате да си заминете (и да објавувате многу фотки на Инстаграм).
Но, тука се и базарот во Еврејскиот кварт, божиќниот маркет Gozsdu Udvar кој е поставен на малиот плоштад „Франц Лист“, празничниот маркет покрај трговскиот центар Allee, но и Fö Square во Буда.
Најголемиот од сите, пак, е Vörösmarty Tér, кој е лоциран во срцето на градот, на крајот на туристичката улица Váci Utca.
А бидејќи ова време е многу студено во Будимпешта, не заборавајте да понесете топла зимска облека, неколку пара ракавици, шал, капа и дебели јакни и чорапи.