Најголемата панделка во светот – Кое е омиленото место за сликање на инстаграмџиите во Виена?
Каде се наоѓа големата панделка, што е омилено место за фотографирање на инстаграмџиите во Виена? Дознајте која е приказната за најголемата црвена панделка во светот...
Божиќниот базар во Виена е една од омилените дестинации за патувања во претпразничниот период. Освен што имаат можност да уживаат во грееното вино и колачињата и да си купат уникатни декорации, речиси сите што биле во посета на базарот се фотографираат со најголемата црвена панделка на светот.
Секоја година, големата панделка е поставена на стоковната куќа Popp & Kretschmer и претставува симбол на претпразничниот период во Виена. А, од фотографиите имате впечаток дека целата историска градба е завиткана во форма на еден огромен новогодишен подарок.
Навечер панделката свети со голем број светилки, па успева да ја долови магичната атмосфера која владее во главниот град на Австрија во претпразничниот период.
Стоковната куќа се наоѓа наспроти Vienna Opera House и Hotel Sacher (домот на оригиналната Захер торта), па затоа е идеално место за фотографирање за сите оние што одлучиле да отпатуваат во Виена во претпразничниот период.