Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство

Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосфера – зошто да не?

predlozi-za-vikend-vo-solun-muzej-na-selfi-zabaven-park-za-celoto-semejstvo-01.jpg

Градот е накитен, времето убаво за прошетка покрај море, таверните расположени за нови гости – сѐ уште се седи надвор под греалки, а во дневните часови кафулињата се преполни.

Додека уживате во вкусна храна, шопинг и прошетки, ви даваме неколку забавни предлози во кои може да ужива целото семејство во Солун.

Што да посетите во Солун за време на празниците?

1. На плоштадот Аристотелус е сместен централниот божиќен маркет на кој ќе најдете празнични декорации, креативни подароци и слатки.

Уживајте во музика, забава за сите возрасти, топли пијалаци...

2. Во близина на Белата кула е поставен забавниот парк „Астерокосмос“ во кој има забава и за најмалите (во затворен дел) и за повозрасните.

Твистер, Брод на пиратите, луда музичка железница... Влезот е 8 евра и имате неограничен број возења. Овде има и лизгалиште, а речиси секој ден има програма за деца и музички настапи.

3. Селфи музејот – место каде што може да направите забавни фотки на различни сцени и позадини.

Цената на влезниците е 8 евра за деца од 4-13 години, и 10 евра над 14 години. Работи секој ден освен понеделник, од 11.00 до 19.00 часот.

4. Музејот на илузии – во близина на пристаништето.

Истражете го светот на илузиите и имајте супер искуство со вашите пријатели и семејството.

Поминете низ Вортекс тунелот кој ќе направи да ви се чини како да се врти се околу вас. Измамете ги очите и забавувајте го умот!

Цената за влезници за деца од 4-15 години е 8 евра, а за возрасни 11 евра. Отворен е од понеделник до сабота (11 до 21 часот) и во недела (11-20 часот).

5. Уживајте во прошетка покрај морето почнувајќи од пристаништето, па сè до хотелот Македонија Палас.

Може да одите на турите со брод кои траат половина час, а се постојано на располагање во близина на Белата кула.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg