Пет градови во регионот со одлична програма за дочекот на Нова година

Ако сакате да ги слушате Северина, Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Џибони или Црвена јабука, дочекот на новогодишната ноќ во овие градови ќе ви биде незаборавно доживување.

pet-gradovi-vo-regionot-vo-koi-e-organiziran-najdobar-dochek-na-nova-godina-01.jpg

Доколку планиравте да патувате за новогодишните празници, сега е вистинското време бидејќи забавата на некои места веќе е започната.

Во кои градови од регионот ќе има најдобра забава за дочекот на Новата година?

Дубровник

Дубровник е секогаш добра идеја, но за новогодишната ноќ, на Страдун ќе пее неповторливиот Здравко Чолиќ.

Зимскиот фестивал во Дубровник годинава има разновидна програма - од претстави и изложби, до концерти, а за време на паузите од новогодишната еуфорија, може да се прошетате по крајбрежјето, да испиете кафе во градските кафулиња и да уживате во сонцето. 

Нови Сад

Урбаниот и градот на културната има интересна програма за Нова година. 

Вниманието со сигурност ќе ви го привлечат имињата: Влатко Стефановски, Буч Кесиди, Марко Настиќ... 

Котор

Зимава во Котор се спојуваат убавината на минатото и радоста за иднината. 

Северина и Дино Мерлин ќе пеат на плоштадот за новогодишната ноќ, а за време на продолжениот викенд може да го посетите ресортот Портонови.

Риека

Ако ви недостасува љубов и романса, дочекот на 2024 година во Риека со Џибони ќе ви биде најдобрата одлука.

Веќе следниот ден, одете во Опатија, каде што има магичен базар на Јадранот.

Сараево

И конечно, ако повеќе го сакате градот отколку брегот, ви го предлагаме Сараево.

Таму за новогодишната ноќ во центарот ќе настапуваат најпопуларните бендови од Југославија: Бомбај штампа, Забрането пушење и Црвена јабука. 

Во близина е и Јахорина ако сакате да комбинирате скијање и забава.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg