Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата на Келн?

Цркви, музеи, вкусна храна, ноќен живот, прекрасни пејзажи, еден од најстарите универзитети во Германија - зошто германскиот град Келн задолжително треба да се види, кога одите во посета на Германија?

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 2

Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што можеш да ги посетиш. Денес ќе го издвоиме Келн, четврт по големи град во Германија, пред него се Берлин, Хамбург и Минхен. Неговата местоположба го прави лесно достапен и до други германски градови, а во непосредна близина се наоѓаат и Холандија и Белгија.

Келн е вистински избор за љубителите на историјата, а и уметноста. Цркви, музеи, вкусна храна, ноќен живот, прекрасни пејзажи, еден од најстарите универзитети во Германија, заедно со откривањето на уметничките како ремек-делата на Пикасо се дел од активностите кои ќе ти го пополнат твојот престој во Келн.

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 4

Келнска катедрала е нешто што прво ќе го посетиш откако ќе пристигнеш. Каде и да се наоѓаш во градот, оваа огромна готска архитектура ќе се појавува од некаде на хоризонтот.

Ова е еден од позначајните споменици на христијанството, а катедралата е посветена на Свети Петар и Пресвета Богодорица. Биле потребни 632 години за да се изгради катедралата и денес е под заштита на УНЕСКО.

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 8

Добро познато е дека за време на Втората светска војна катедралата претрпела доста удари од воздушни напади, но сепак не се урнала.

Локалците наизуст ја знаат историјата за Келнската катедрала, па ако имаш некој пријател сигурен сум дека со задоволство ќе сака да ти ја раскаже историјата на катедралата.

Ако не се лажам, мислам дека е една од најпосетуваните знаменитости во Германија.  

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 15

Со оглед на тоа што се работи за туристичка атракција, подготви се да се соочиш со голем број на посетители, но кога ќе влезеш во просториите на катедралата ќе почувствуваш вистински спокој и изненадување од она што се наоѓа внатре.

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 7

За време на Втората светска војна централниот дел на Келн бил целосно уништен и срамнет до земја, така што нема стари градби. Реконструкцијата на градот го следела стилот од 1950-тите, а исто така бил почитуван стариот распоред и имињата улиците.

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 6

Сè што ќе видиш околу тебе се нови архитектонски зданија и високи облакодери, но затоа печешањето покрај кејот на реката Рајна знае да биде посебно искуство кога времето е сончево.

Мене времето не ми се погоди. Не паѓаше дожд ама затоа беше сè сиво. Како и да е, тоа не ми попречи да уживам во глетката и во сместувањето да се вратам со десетина поминати километри.    

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 3

Во случај ако сте пар може на еден од железничките мостови над реката Рајна на катанец да ги напишете вашите имиња и да го заклучите на оградата, а потоа клучот да го фрлите во река.

Овој симбол на вечна љубов не е никаков новитет, ама еве постои и во Келн. Има десетици илјади катанци кои со години стојат на овој мост.

Само што скоро и да не постои слободно место каде би можеле да ставите уште еден катанец за вечна љубов.  

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 5

Ако сакаш да го почувствуваш ноќниот живот, тогаш Келн е вистинскиот избор. Посебно ако си љубител на електронска музика немој да пропуштиш некој настан во Bootshaus или ако веќе си по концерти, провери дали некој светска музичка ѕвезда настапува во Lanxess Arena или во помал локал како Carlswerk Victoria.

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 9

Во случај ако сакаш да поминеш во релаксирана атмосфера со локалци, помини во некој од пабовите каде во некои од нив барем еднаш неделно се одржуваат квизови.

По долго шетање дружбата знае да биде занимлива додека се трудиш да ги најдеш точните одговори на поставените прашања. 

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 18

Кога станува збор за храна, имаш избор на различни светски кујни. Буквално на секој чекор може да најдеш некој интересен локал со традиционални рецепти или ако веќе преферираш индиска, кинеска или арапска кујна. Истото го имате во изобилство.

Немој да заборавиш да пробаш колбаси со кари и да испиеш по некоја кригла од пивото Kölsch, едно од најосвежувачките пива во Германија.

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 11

Ова е само еден дел од она што Келн може да го понуди. Во случај ако имаш повеќе време може да ја посетиш и Зоолошката градина во Келн – дом на 10.000 животни и 850 различни видови, потоа Музеј на чоколадо, Ботаничка градина, Музејот „Лудвиг“ препознатлив по модерната уметност...

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 12

Нема што да се размислува повеќе. Резервирај си авионски билет и оваа пролет Келн нека биде една од дестинациите што ќе ги посетиш.

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 13

kelnska katedrala umetnicki galerii muzei zost0 da go posetam keln 17

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg