„Луди цени дури и за Миконос“ – поплаки за ресторан во Грција кој наплаќа стотици евра само за грицки
„Луди цени, дури и за Миконос“ – стои во извештајот на Tripadvisor каде што голем број туристи се пожалиле за високите сметки што ги платиле во ресторанот DK Oyster на Миконос. За озлогласениот ресторан пишуваат и голем број британски медиуми, кои тврдат дека ресторанот наплаќа 150 евра за шише вода, а 100 евра за обичен коктел.
Островот Миконос во Грција е едно од омилените туристички дестинации за посетителите од целиот свет, иако важи за едно од најскапите места за кое треба да бидете финансиски подготвени за да го посетите.
На пример, ресторанот DK Oyster се стекна со многу лоша репутација поради вртоглаво високите цени.
Посетители се жалат дека им наплатиле 800 евра за предјадење и пијалак, друг пар вели дека платиле 400 евра за пиво, коктел и 12 остриги, а трети пак велат дека надплатиле за пијалаците, иако на менито имало видно истакната друга цена.
Линдзи и Алекс Брен од Канада, влегле во ресторанот за на брзина да каснат нешто, додека биле на одмор. Велат дека келнерот сам им понудил 12 остриги, без да ги информира дека една острига чини 25 евра.
„Кога требаше да си одиме, јас отидов до тоалет, а мојот сопруг добил сметката која беше над 400 евра“ – вели Линдзи.
Друг пар вели дека платиле 800 евра за две пијачки, четири ракчиња и салата.
Тие водени од цените на менито, мислеле дека треба да платат по 25 евра за еден коктел, но потоа дознале дека цената била по 100 евра од пијалак.
Уште еден пар се пожали дека платиле 150 евра за обична вода.
Оние што имале лошо искуство во озлогласениот грчки ресторан сега на Tripadvisor ги споделуваат сопствените впечатоци, а велат дека најдобро е воопшто да не влегувате во ресторанот, ако не сакате да си го расипете расположението.
Сопственикот на ресторанот, пак, ги отфрли ваквите тврдења како неточни и рече дека на овој начин дел од туристите се обидуваат да стекнат поголема популарност на Инстаграм, измислувајќи огромни и преувеличени цени.
Б. С. Б. | Црнобело