Зошто посетата на книжарницата „Shakespeare and Company“, во срцето на Париз, е посебно доживување?

Многумина кои го имаат посетено Париз во еден момент се нашле пред или околу книжарницата Shakespeare and Company, стационирана во самото срце на градот. Точно покрај брегот на реката Сена и во близина на катедралата Нотр Дам, еден од главните споменици на готскиот период се наоѓа една од најинтересните книжарници што некогаш ја имате видено.  

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 1

Без разлика во кој дел од Париз се наоѓате, најдобро е да се качите во метро и да се симнете на станицата Saint-Michel. Тука веќе бидете подготвени да се соочите со голем број на туристи кои љубопитно и со нетрпение пробуваат да посетат што повеќе знаменитости во Париз.

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 12

Кога ќе излезете на улица, имате неколку стотина метри до книжарницата Shakespeare and Company, а по патот ќе поминете покрај различни сувенирници кои продаваат секакви дребулии: од разгледници, магнети, приврзоци, торби, капи, но и покрај интересни ресторанчиња и антикварници за книги.

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 11

Од едната страна се наоѓаат сите овие одвлекувачи на внимание, а од другата Нотр Дам која во моментот е подложена на реконструкции.

Ако за првпат го посетувате Париз, нема да можете да одолеете и нозете ќе ве насочат кон катедралата, но, јас, во овој случај предност ѝ дадов на книжарницата.

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 10

Оние кои ги интересира повеќе, Shakespeare and Company е основана од Американецот Џорџ Витман во 1951 година во зграда од 17 век која првично имала функција на манастир.

По отворањето оваа книжарница прераснала во место за средби на англофонските писатели и читатели, станувајќи своевидна книжевна институција во самиот Париз.  

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 8

И, ете сум! Кога се најдов пред книжарницата забележав долга редица на луѓе како чекаат да влезат внатре.

Сигурно имаше околу педесетина туристи кои беа решени да чекаат за да влезат во просториите на Shakespeare and Company и барем на кратко да се измешаат со светот на илјадници приказни и мирис на стари и штотуку отпечатени книги.

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 9

За жал, забрането е фотографирање во внатрешноста на книжарницата.

Па затоа нема да можам да обезбедам такво виртуелно задоволство, но само ќе ве мотивирам и ќе ви шепнам во прва можна прилика да дојдете и лично да го доживеете ова култно место.

Не сакав да бидам од оние кои се прават слепи пред ознаката „забрането фотографирање“ кои се испозалепени насекаде низ книжарницата.

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 6

Кога ќе се најдете внатре, помеѓу сите тие полици со книги, само тогаш можете да разберете зошто Ернест Хемингвеј, Ф. Скот Фиџцералд, Хенри Милер и уште многу други писатели наоѓале спокој и инспирации токму во овие простории.

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 5

Можете да ги посетите полиците со добро познатите класици, или со нови имиња од светската книжевна сцена, како и голем избор на епска и научна фантастика, модерна психологија, детска литература...

Изборот е толку голем што нема да излезете од книжарницата без да купите неколку книги.

На горниот кат има и просторија за читање, така што ако немате трпение, можете да ја започнете штотуку купената книга токму во Shakespeare and Company.

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 7

На крај, откако ќе заврши патешествието низ просториите на книжарницата можете да седнете во истоименото кафуле, да си нарачате кафе и да уживате во погледот што се наоѓа пред вашите очи.

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 3

shakespeare and company knizarnica vo srceto na pariz za edno posebno dozivuvanje 4

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg