Не е Мексико, Демир Капија е – Долината на кактусите е редок природен феномен во Македонија (фото)

Кога се споменуваат кактуси во природа, честопати пред очи ни излегуваат егзотични локации со пустински предели, како Мексико и јужен САД, но долина со ретки видови кактуси има и во Македонија и тоа во Демир Капија. 

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-01.jpg

Долината на кактусите е месност над напуштеното село Клисура, што се наоѓа на 7 километри од селото Демир Капија, а до неа може да се дојде преку асфалтниот пат до самото село.

Голем број Македонци веќе биле и го посетиле овој редок природен феномен, а тој честопати се споменува како едно од местата што задолжително треба да ги посетите кога барате места во кои можете да уживате во природа.

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-08.jpg

Самата Демиркаписка Клисура плени со својата грандиозност и големина, со чистиот воздух и природната убавина, а внимание привлекуваат и овие растенија што неочекувано се доселиле и успеале да преживеат во нашите услови.

View this post on Instagram

A post shared by Sports club "TRIBE" (@tribesportsclub)

Посебниот вид џуџест кактус успеал да се прилагоди на природните климатски услови во Демир Капија и да опстане, благодарение на топлата медитеранска клима од Егејот, а зачудувачки е и тоа што овие прекрасни билки преживуваат и во зима, кога наѕираат под снегот.

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-09.jpg

Се претпоставува дека овие ретки кактуси до Македонија стигнале благодарение на птиците преселници кои го донеле семето во Македонија, а со текот на времето растенијата се рашириле на поголема површина.

Без разлика дали се насадени од човечка рака, или настанале како природен феномен, кактусите во Демир Капија во изминатите неколку години привлекуваат сѐ поголем број туристи, кои одат таму за да уживаат во планинската природа, планинарењето, велосипедизмот, риболовот и алпинизмот во прочуената Демиркаписка Клисура.

Градоначалникот на општината, Лазар Петров, на својот Фејсбук профил сподели повеќе фотографии од кактусите.

Погледнете ги во продолжение:

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-03.jpg

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-04.jpg

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-05.jpg

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-06.jpg

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-07.jpg

ne-e-meksiko-depir-kapija-e-dolinata-na-kaktusite-e-redok-priroden-fenomen-vo-makedonija-foto-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg