Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите)
Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од регионот, а две од нив се од поранешна Југославија. Можете ли да погодите кои се тие?
Која е најубавата држава во светот? Иако критериумите на секој човек се различни, читателите на порталот за патување Rough Guides, учествуваа во анкета за да ги изберат најубавите земји.
На листата од 20 најубави, има дури 3 земји од нашето опкружување, а две од нив се поранешни југословенски републики.
„Ако сакате да патувате, некоја од овие земји сигурно ќе ве инспирира да ја посетите“, пишува Rough Guides и ја откри својата листа.
На 20-то место е Јапонија, земја која е комбинација од античкото и модерното, со прекрасна природа, полна со историја и уникатна архитектура.
На 19-то место е Словенија, која е опишана како „кутија во која се крие скапоцен накит“ - планини, езера, пештери, модерни градови и стара култура, како мини Европа на едно место.
На 18-то место е Португалија, 17-та е Индонезија, а на 16-то место е Индија.
Втората земја од поранешна Југославија на оваа листа е Хрватска, а се наоѓа на 15-то место.
„Земјата има сè - море и многу реки, планини и растенија, превкусна храна и пријателски расположено население“ - стои во описот.
Туристите што веќе ја посетиле земјата ја препорачуваат поради нејзините плажи, а велат, треба да се посети и главниот град, Загреб.
Следни на листата се Аргентина (14-то место), Исланд (13), Чиле (12), САД (11) и Јужна Африка (10).
На 9-то место е нашиот сосед Грција, а се препорачува поради плажите и храната.
Следна на листата е Австралија (8), Норвешка (7), Велика Британија (6), Франција (5), а Швајцарија е на 4-то.
Листата 3 најубави земји почнува со Канада, која е опишана како „драматична земја со инспиративна природа и неверојатен див свет“.
Второто место е за Италија, а на врвот на оваа листа е Нов Зеланд.
„Контрастот на природата, и убавината на луѓето и природата ја прават оваа земја најубава на светот“ - стои во описот.
А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com