Неверојатни плажи во јужниот дел на Португалија

Само што ќе се спомене Португалија, веднаш ја поврзуваме со песочни плажи, сончеви денови и Атлантскиот Океан. Ајде, да ги разгледаме можностите за плажа. Нема да лутаме многу, туку ќе наведеме плажи кои се наоѓаат во најјужниот дел од Португалија, наречен Алгарве.  

plazi-vo-najjuzniot-del-od-portugalija-koi-kje-vi-go-privlecat-vnimanieto-01.jpg

Дел од спектакуларните плажи во Португалија:

Praia da Rocha

Листата ќе ја започнеме со плажата, која е симбол за регионот Алгарве и може да се каже дека е една од омилените на туристите. Со должина од еден километар и опколена со гребени со топли бои, Praia da Rocha заслужено се искачува на врвот од најпознатите плажи во Португалија.

Praia da Marina

Ова е плажа со мирна вода, која е сместена десно од устието на реката Араде, што истовремено ја дели од Praia da Rocha. Ако сакате да бидете настрана од гужви и турканици, тогаш оваа мала, но симпатична плажа, ќе ви обезбеди сé што ви треба да за си поминете убаво.

Praia dos Três Castelos

Пред да се спуштите на плажата, имате видиковец, кој ви овозможува да нурнете во широчините на Атлантскиот Океан. Кога очите ќе ги задоволите со синевината на водата, по скалите ќе се најдете на ситниот песок, каде освен што ќе уживате во карпи и гребени, ќе имате можност да ги гледате заводливите летови на соколите и различните видови на галеби.

Praia dos Careanos

Како последен предлог од нас е плажата Praia dos Careanos, која се поврзува со Praia da Rocha и Praia dos Três Castelos. Многумина за оваа плажа велат дека чекорењето по ситниот песок е исто како да се наоѓате во рајот. Тоа се надополнува заедно со различните форми на карпи, кои одаваат еден хармоничен призвук на просторот.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg