10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите

Хрватска е една од омилените дестинации за нашите, но и за светските туристи. Секое лето земјата ја посетуваат голем број луѓе од целиот свет, а според нивниот избор постојат 10 најатрактивни туристички искуства што мора да ги доживеете кога сте таму.

10-te-najdobri-turistichki-iskustva-vo-hrvatska-spored-posetitelite-01.jpg

На веб страницата Trip Advisor секоја година се објавуваат најдобрите туристички искуства, според рецензиите на туристите, а во продолжение погледнете што не смеете да пропуштите ако планирате да ја посетите земјата.

Прошетка низ стариот град Дубровник со туристички водич

Локалните водичи зборуваат за големиот број знаменитости и долгата и богата историја на градот. Во секој случај, според туристите ова е многу позабавно искуство, отколку сами да шетате и да се обидете да одгатнете што е тоа што го гледате пред вас.

Прошетка низ Сплит со локален историчар на уметност

Прошетката низ Сплит со локален историчар на уметност ќе ви помогне да го запознаете градот, но и неговата историја. Секако, повеќе ќе дознаете на овој начин, отколку ако се обидувате сами да се снајдете со мапа и џебен водич.

Пешачка тура „Game of Trones“

Голем број туристи сакаат да го посетат местото каде што е снимана серијата Game of Thrones и да дознаат повеќе детали од снимањето на серијата.

Возење со АТВ возила во околината на Дубровник

Ова е една од понудите наменети за оние што сакаат малку поинакво искуствo додека се на одмор. Тура што нуди адреналинско искуство, но и истовремена прошетка и запознавање со историјата и убавината на природата во околината на Дубровник.

Прошетка низ Сплит со личен водич

Ако не сакате да ги гледате атракциите низ Сплит со група туристи, тогаш можете да ангажирате личен водич, кој со вас ќе сподели многу повеќе информации, а ќе го запознаете градот во поинтимна атмосфера.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg