10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите
Тура за потрага на тартуфи и готвење
Ако планирате одморот dа го поминете на полуостровот Истра, тогаш можеби ќе слушнете и за турата која ви овозможува сами да заминете во потрага по тартуфи, а потоа да уживате во оброк со три јадења приготвен со локални тартуфи.
Сафари со џет-ски
Според туристите меѓу најзабавните туристички атракции што се нудат во Хрватска е и џет-ски сафарито од Трогир до Голем Дрвеник. Се оди во мала група со 4 скутери и ова е уште една од атракциите што им се допаѓаат на оние што сакаат поадреналинско искуство.
Посета на Трогир и островот Чиово од Сплит
Ова е една од омилените активности на туристите, затоа што им нуди можност за прошетки, но и за уживање на плажа и опуштање во бич бар.
Е-Тук-Тук тура низ Дубровник
Прошетката низ Дубровник со мало возило е мошне барана затоа што ги води туристите до видиковците и локалитетите што не се достапни со други возила. Идеално за оние што не сакаат долги прошетка и големи групи.
Полудневна приватна тура до Елафитските острови со глисер
Со оваа тура ќе имате можност да отидете до некои плажи што сами никогаш не би можеле да ги откриете, а ќе ги погледнете и најпознатите локалитети низ Дубровник од морето. Ќе ви биде достапна и опрема за нуркање и фотографирање под вода и ова е искуство што долго ќе го прераскажувате.
Б. С. Б. | Црнобело