Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Аспровалта, Неа Врасна и Ставрос – три гратчиња близу Солун, кои ги поврзува една плажа долга 12km

Во заливот Стримонико, на плажа долга 12km, се лоцирани три гратчиња - Аспровалта, Неа Врасна и Ставрос. Овие мали места, секое лето ги посетуваат многу туристи од Полска, Чешка, Србија и Македонија. Една од причините се делфините кои често се појавуваат и пливаат во близина на брегот. 

asprovalta-nea-vrasna-i-stavros-tri-gratchinja-koi-gi-povrzuva-edna-plazha-dolga-12km-01.jpg

Аспровалта, Неа Врасна и Ставрос се меѓу омилените места на Македонците кои летуваат во Грција. Лоцирани се на една плажа, долга 12km, со ситен песок со бело-сива боја.

Бидејќи се наоѓаат во отворениот дел на заливот Стримонико, наутро морето во Неа Врасна и Аспровалта е мирно, но попладне вообичаено почнува да дува ветер, па се појавуваат бранови и носат алги на брегот.

На Ставрос е помирно, бидејќи градот е подзатскриен во заливот и нема ветер, па скоро никогаш не се појавуваат бранови.

Морето во оваа област е многу чисто, но темно сино поради потемната боја на песокот.

Водата постепено оди од плитко кон длабоко, за разлика од морето во гратчињата на Халкидики или на Тасос, каде што водата е најчесто плитка и совршена за семејства со мали деца или за луѓе кои не се добри пливачи.

Но, она што привлекува особено внимание на туристите се делфините. Тие скоро секојдневно се појавуваат и пливаат во близина на брегот. Најмногу ги има близу Неа Врасна.

Сепак, освен големата песочна плажа која ги спојува трите гратчиња, во овој регион нема диви заливи или скриени плажи.

Сте ги посетиле ли некогаш?

Ставрос

Лоциран е на околу 70 километри од Солун. До Ставрос се стигнува за околу 40 минути со автомобил (сметајќи од аеродромот во Солун).

Градот се наоѓа во подножјето на планина и е опкружен со шума. Токму поради ова и деновите и ноќите се пријатни, колку и да е жешко времето.

Гратчето изобилува со продавници, таверни, кафулиња, а има и забавен парк и спортски терени.

До Аспровалта и Неа Врасна се стигнува за околу 5 минути со автомобил, бидејќи Ставрос е оддалечен на 8km од двете места.

Аспровалта

Во ова туристичко гратче преку зима живеат околу 40.000 луѓе, а преку лето, со туристите, таа бројка расте до 200.000.

Ова е најголемиот град во регионот. Од Неа Врасна е оддалечен само 500m, па од едното до друго гратче се стигнува за околу 5-6 минути со пешачење.

Аспровалта е и најразвиениот туристички град во овој регион, со околу 100 ресторани и таверни и преку 300 продавници.

Плажата во градот на некои места е широка и до 50m. Шеталиштето покрај плажата е долго 4km и има две пешачки зони.

Освен што ја посетуваат туристи, Аспровалта е и едно од омилените места на локалното население, па во август тука најмногу има Грци.

Неа Врасна

Малото туристичко место не нуди многу забава за посетителите, па затоа е совршено за семејства со мали деца или за повозрасни луѓе.

Шеталиштето е долго и широко, и тука се наоѓаат неколку таверни, кафулиња и ресторанчиња за гиро, но и неколку продавнички за сувенири и облека.

Но, тука најчесто се појавуваат и делфините во овој регион, а токму тие се она што ги влече туристите да се враќаат повторно во Неа Врасна.

Прочитајте и Гиро 4,5 евра, лежалките од бесплатни до 40 евра по човек – Како се движат цените на плажите во Грција?

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg