Venus Beach Bar - најубавиот бар на плажа во Неи Пори, со совршена храна и коктели (фото)

Преку недела е тивко и мирно, викендите најчесто има диџеј и жива музика, плажата е песочна, персоналот љубезен, храната совршена. Плус, блиску ни е е - во Неи Пори.

sovrsena-hrana-i-kokteli-venus-beach-najubaviot-bar-na-plaza-vo-nei-pori-01_1.jpg

Ако патот годинава ве води во некое од летувалиштата под Олимп, особено во близина на Неи Пори, Venus Beach Bar е плажата и барот кој задолжително треба да го посетите.

sovrsena-hrana-i-kokteli-venus-beach-najubaviot-bar-na-plaza-vo-nei-pori-02.jpg

Плажата е голема и песочна, лежалките удобни, сенка обезбедена со големи сламени чадори, а секогаш може да побарате и чадор повеќе. Во самиот бар има и базен, кој е идеален за сите оние кои сакаат да одморат во мир и тишина.

sovrsena-hrana-i-kokteli-venus-beach-najubaviot-bar-na-plaza-vo-nei-pori-03.jpg

Венус е еден од најпопуларните барови за млади, но и семејства кои летуваат со години во Неи Пори, особено омилен и кај Македонците кои се сместуваат во околните кампови.

Важи за место каде има најубава храна и коктели.

Што да пробате?

Прашајте за свежа морска храна и ќе добиете совршен лаврак, бранцин, школки, октопод, јастог – подготвени идеално вкусно.

sovrsena-hrana-i-kokteli-venus-beach-najubaviot-bar-na-plaza-vo-nei-pori-05.jpg

Сопственикот, Костас, секогаш може да ви препорача вино кое ќе биде најдобра комбинација со вашиот оброк.

sovrsena-hrana-i-kokteli-venus-beach-najubaviot-bar-na-plaza-vo-nei-pori-06_1.jpg

Додека сте на плажа или покрај базенот уживајте во освежителни алхоколни или безалкохолни коктели (Lemongrass е нашиот фаворит) и овошна салата.

Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg