15 причини зошто повторно да се вљубите во Балканот

Доаѓаат најубавите годишни времиња (пролет и лето), кои се најпогодни за шетање. Време е да се донесат одлуки. Каде да се оди? Со кого да се оди? Дали треба повторно да се уплати одмор во Египет, Шпанија, Италија, или како што сега е мода на Занзибар или Малдиви? Па, затоа решивме да направиме листа со 15 причини зошто треба уште повеќе да се вљубиме во Балканот, што пак би нè поттикнало да прошетаме низ овој прекрасен полуостров.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-02.jpg

Балканот отсекогаш бил помалку популарна дестинација, како скриено богатство кое треба да се открие. Иако низ годините добива на популарност, сепак уште е како мало отцепено катче од рајот, кое не сите го знаат.

Балканот е фасцинантен лавиринт, како мозаик кој треба да се види целосно. Различен и совршен ако планирате долго патување на кое ќе посетите шармантни и живи градови. Домот на ајварот и свежото сирење, историјата, музиката, литературата. Лесно е да се вљубите во Балканот.

Од прекрасни плажи и езера, до зелени планини и долини, убава храна и убави луѓе, Балканот слободно може да се окарактеризира како дијамант налик никој друг.

Балканскиот Полуостров опфаќа територија од околу 550.000 километри квадратни и има население од околу 55 милиони луѓе. Името на полуостровот е од турско потекло или поточно од турскиот збор „balkan“ што значи „ланец пошумени шуми“.

Географските граници на Балканот варираат во зависност кои параметри се сметаат, но најчесто се сметаат водните површини кои го заобиколуваат полуостровот како што се Црно Море, Егејско Море, Јадранско Море и реките Сава и Дунав.

Како и географските, така и политичките граници на полуостровот варираат во зависност од тоа како се земаат предвид, односно врз основа на географската положба на земјите или нивната политичка соработка.

Неколку причини зошто одново треба да се вљубите во Балканот:

Охрид, Македонија

Започнуваме со нашиот бисер Балкански и градот на светлината. Охрид се наоѓа на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име.

Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички атракции во Македонија.

Поради големиот број цркви и манастири, градот е познат како балкански и европски Ерусалим.

Има народно предание кое вели дека во Охрид има 365 цркви - по една црква за секој ден од годината. Но, вистината е дека на територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни.

Охридскиот регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-03.jpg

Мостот во Мостар, Босна и Херцеговина

Магичниот мост во Мостар изгледа како сцена од средновековен филм за витези и принцези.

Оваа градба е на клучно место од историска гледна точка. Во минатото мостот бил дрвен, а во 1566 година е направен од камен.

Со векови претставува симбол на мирот меѓу Истокот и Западот, меѓу христијанството и исламот. Мостот е изграден од Турците кои на крајот на XVI век воспоставиле тврдина во Мостар и тука биле присутни до 1875 година.

По Првата светска војна, Мостар станал дел од Словенците, Хрватите и Србите кои подоцна се обединиле во Југославија. Со години, Мостар бил град во кој Босанците, Србите, Хрватите и Југословените живееле во мир.

За жал, во 1992 година избувнаа братоубиствени немири во Мостар – прво помеѓу Босанците, Хрватите и Србите, а потоа и помеѓу Хрватите и Босанците.

Во 1993 година, стариот мост бил разурнат. Повторно е изграден во 2004 година. Сега може да се види натпис на кој пишува НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ЈА 1993 ГОДИНА, што потсетува на трагичните настани.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-04.jpg

Неретва

Неретва минува низ Босна, а делумно и низ Хрватска, пред да се влее во Јадранот.

Оваа река е прилично неверојатна поради бојата на водата. Магично тиркизна. Тоа е една од работите што ги прави шармантни пејзажите на Мостар.

Според народната традиција, младите момчиња скокаат од мостот на Неретва за да ја докажат својата храброст.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-05.jpg

Белград, Србија

Фасцинантноста на Белград не е во неговата местоположба и географска распосланост, но во животот и разиграната крстосница на народи и култури – вистинска балканска метропола.

Белград е изграден врз темелите на еден праисториски град. Во стариот дел на Белград има многу остатоци од римскиот период.

Првата урбана населба била изградена во 3 век п.н.е. од Келтите. Таа е една од најстарите метрополи во Европа, со населби кои непрестајно остануваат овде најмалку 7.000 години.

Црквата Свети Сава е еден од најпрепознатливите симболи во Белград. Со тоа што достигнува висина од вкупно 70 метри, таа е една од најголемите православни цркви во светот. Исто така, се рангира меѓу најголемите црковни згради во светот.

Постои област во градот наречена улица Strahinjića Bana, т.е. Силиконската долина. Нема никаква врска со технологијата, но претставува термин што локалното население го користи за област од градот каде што се наоѓаат сите барови, клубови и ресторани.

Силиконот, исто така, се однесува на пластичната хирургија и на гламурозните жени кои сакаат да се забавуваат таму.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-06.jpg

Сараево, Босна и Херцеговина

И покрај трагичната историја на градот, тука навистина можете да ги почувствувате енергијата и животот. И кога шетате низ стариот град, можете да го почувствувате здивот на Ориентот.

Кафулиња и мали ресторани скриени на улицата Сарачи на кои се чувствувате како да шетате по улиците на Капали чаршија во Истанбул.

Башчаршија, општинската чаршија со традиционални производи, е уште едно од многуте места што мора да се види.

Таму можете да купите сувенири и подароци, да јадете бурек или да ги нахраните гулабите собрани од Себилиј со необичен бунар кој е едно од знаменитостите на Сараево.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg