15 причини зошто повторно да се вљубите во Балканот

Ајвар

Нема некој што не знае за ајварот. Посебно ние Македонците. Тоа е посебен вид намаз направен од црвени пиперки.

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, кој води потекло од Македонија.

Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, зашто само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката, што го гарантира чистиот вкус на ајварот кој не е воопшто горчлив.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-08.jpg

Пинџур и лутеница

Исто како ајварот, пинџурот и лутеницата се традиционални намази кои доаѓаат од Македонија, и причина плус зошто треба да се вљубиме уште повеќе во Балканот.

Имаат одличен вкус со леб или балканско бело сирење. Иако има повеќе видови пинџур, најтрадиционалниот се приготвува со модри патлиџани, пиперки на скара, домати и лук.

Лутеницата исто така вреди да се проба - направена е слично како ајварот, од црвени пиперки, но е позачинета и се прави и со масло, лук и домати.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-09.jpg

Шопска салата

Совршен оброк за топлите денови. Супер лесен за правење со совршено лесен вкус. Домати, краставица, црвени пиперки и рендано солено бело сирење.

Ова е одличен додаток за месо и како предјадење или дури и како лесен оброк сам по себе. Оваа салата најчесто може да се најде во Србија, Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-10.jpg

Бурек

Moже да се рече дека бурекот е измислен во географскиот предел што денес е познат како модерна Турција, во провинцијата Анадолија во тогашно Отоманско Царство.

Потоа бурекот постанува популарен елемент на отоманската кујна. Има историски откритија кои алудираат на тоа дека бурекот можеби потекнувал од кујната на Стариот Рим.

Како и да е, бурекот е сега цврсто обележје на Балканот. Иако уште има дебати дека бурекот се прави само со месо (а останатите варијации се неркуваат „пити“) сепак ние, како Балканци, уживаме во сите.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-11.jpg

Дубровник, Хрватска

Повторно одиме низ прекрасните градови во Балканот за да ги истрошиме калориите од погоре од сите прекрасни балкански оброци.

Дубровник е град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија.

Во 1979 година, градот Дубровник бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Тоа е место на богато историско наследство, а највредниот дел од тоа наследство се величествените ѕидови околу стариот град. Дубровник нема да ве остави рамнодушни.

Во последно време е познат како градот во кој се снимаше серијата Game of Thrones.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-12.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg