Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Луксузен ресорт е егзотичен рај во Индонезија (фото)

На што помислувате кога ќе го чуете поимот луксузен хотел? Дали е тоа место со одличен апартман, со врвно мени и на добра локација? Или пак, можеби нешто што вклучува тиркизна вода и бунгалови над нејзе?

luksuzen-resort-e-egzotichen-raj-vo-indonezija-foto-01.jpg 

Дали некогаш сте посакале да имате приватен остров за себе, со хотел, ресторан и прекрасна природа околу вас? Запознајте го ресортот „Bawah Reserve“, кој се протега на шест индонезиски острови.

Гостите во овој ресорт може да се сместат во луксузните бунгалови, изолирани од околниот свет, па и едни од други, поради добро осмислениот начин на одржување на приватноста.

Ресортот се наоѓа на архипелагот Анамбас. Дотаму се стигнува со авион од Сингапур. 

Најинтересниот дел е што целиот ресорт е изграден според еко-принципите. Се користеле само локални материјали, а се внимавало и да се задржи што повеќе од природата и да се заштити околината.

Покрај одличната локална храна, туристите можат да сведочат на идилични изгрејсонца и зајдисонца, но и да изберат СПА третмани, масажа, јога, медитација или пилатес.

Почувствувајте ја атмосферата:

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Палати од мраз, огромни скулптури од снег: Зимски фестивал во Кина е како новогодишна бајка (фото+ви... На фестивалот за скулптури од мраз и снег во Кина можете да видите огромни снешк...
Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европ... На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која преле...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg