Препорака од прва рака: Помалку познати локации во Париз, кои вреди да ги посетите

Париз на многумина од нас ни ги има освоено сетилата и постојано нè мотивира да го посетуваме одново и одново.

umetnicki galerii zabavni parkovi prijatni ulicki interesni lokacii ako po vtor pat go posetuvas pariz 1

Ако веќе си бил во оваа француска метропола и си ги посетил Ајфеловата кула, Триумфалната капија, Лувр, плоштад Конкорд, катедралата Нотр Дам, Пантеон, Дизниленд… Постојат уште многу интересни локации, не толку познати, кои ќе ти ја продлабочат сликата за Париз и несомнено ќе ти обезбедат пријатни спомени со кои ќе се вратиш дома. 

59 Риволи

Овој култен локал се наоѓа во самиот центар на Париз и од напуштена зграда прераснал во простор за уметници и културни настани. Во него има околу 30 уметнички студија, половина се на постојани уметници, а другите се на привремени, кои отседнуваат во период од 3 до 6 месеци.

На самото место можеш да позборуваш со некој од артистите, да купиш некое нивно дело и од прва рака да видиш како создаваат. Понекогаш за време на викендите знае да има и по некој концерт, но тоа најчесто се случува во летниот период.

umetnicki galerii zabavni parkovi prijatni ulicki interesni lokacii ako po vtor pat go posetuvas pariz 8

Jardin d’Acclimatation

Ако Дизниленд веќе ти е посетен и патуваш со деца, тогаш можеш да му дадеш шанса на забавниот парк Jardin d’Acclimatation, кој има околу 40 атракции, едукативни игри и ресторани, продавнички за сувенири, 500 животни (егзотични птици, кози, зајаци…).

Овој простор на 18 хектари, со големо пространство на трева, ќе ви го исполни денот со многу адреналин, забава и вкусни закуски.

umetnicki galerii zabavni parkovi prijatni ulicki interesni lokacii ako po vtor pat go posetuvas pariz 7

Фондација Луј Витон

Покрај толку многу уметнички галерии и музеи што постојат во Париз, тука е и Фондацијата Луј Витон која посветена на современата уметност во историска перспектива.

Отворена е пред околу десет години, фондацијата има за цел да ги направи уметноста и културата достапни за сите.

Во зависност од програмата може да бидете дел од изложби од модерна и современа уметност, од создавање на уметност на самото место и како голем број на концерти, перформанси, филмски проекции…

umetnicki galerii zabavni parkovi prijatni ulicki interesni lokacii ako po vtor pat go posetuvas pariz 6

Уличките на Монмартр

Сигурно на вашата прва посета во Париз ја имате посетено базиликата Сакр-Кер, но кога веќе повторно си во оваа метропола одвој неколку часа за ноќна прошетка низ брдото кое ќе ти овозможи поглед на целиот град.

Има преголем избор на интересни локали, каде можеш да се напиеш чаша вино и да уживаш во животот на вистински начин.

umetnicki galerii zabavni parkovi prijatni ulicki interesni lokacii ako po vtor pat go posetuvas pariz 4

Национална библиотека на Франција

Ако си љубител на пишаниот збор тогаш треба да ја посетиш Националната библиотека на Франција, која се смета за една од најважните библиотеки во Франција и една од најстарите во светот.

Кралската библиотека на Шарл V во дворецот Лувр се почетоците на оваа установа, која со текот на вековите прераснала во едно од најважните книжевни центри во светот.

umetnicki galerii zabavni parkovi prijatni ulicki interesni lokacii ako po vtor pat go posetuvas pariz 3

Пер Лашез

Можеби на некого ќе му биде чудно, но во Париз се наоѓаат и познатите гробишта Пер Лашез каде почиваат едни од најголемите великани на светот.

Од Џим Морисон, Оскар Вајлд, па сè до Шопен, Марсел Пруст како и ред други писатели, актери, музичари, политичари, научници… Два-три часа се сосема доволно да се изгубите помеѓу вечните почивалишта на луѓето кои придонеле многу во уметноста, а и генерално во светот.

umetnicki galerii zabavni parkovi prijatni ulicki interesni lokacii ako po vtor pat go posetuvas pariz 5

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg