Стадо од 15 слонови од загрозен вид со месеци лута низ Кина, а последниве недела-две и јавноста будно го следи неговото движење. Досега слоновите поминале над 500 километри, а неодамна застанале да одморат во шума. Слатката фотографија, пак, од нивната дремка веднаш ја освои јавноста.