Трик кој ќе ви помогне да процените дали е претопло да го шетате кучето надвор
Сијан Кофи со сопствениците на миленичиња споделила трик со кој секогаш може лесно да се процени дали е премногу топло надвор за да се изнесе кучето на прошетка.
Во видеото што го објавила на „ТикТок“, таа споделила снимка од надзорната камера на која се гледа како човек шета куче на улица, но набргу се предомислува и решава да бара сенка за да се засолнат со миленичето од топлината.
„Доколку сте еден од многуте идиоти кои шетаат куче на горештините, не треба да имате куче. Доколку не можете да ја држите дланката на патот пет секунди, значи дека времето е премногу топло“.
По објавувањето на видеото истото е прегледано повеќе од половина милион пати, а сопствениците на миленичиња изразиле поддршка преку коментари.
„Секој сопственик на куче треба да го знае ова“.
„Работам во кафуле и многу ме нервираат луѓето што ги носат кучиња на прошетка за време на горештини. Тие дури не носат ниту шише вода со себеси“, додал друг.
@siancoffey7 It’s infuriating #heatwave #uk #dog #dogowner #idiots #fypシ #trending
-->♬ original sound - Sian Coffey
(О)Милена | Црнобело