Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)?

Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен проблем, можете да искористите и некој поприроден продукт, како кокосово масло.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-kuche-ima-bolvi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-01.jpg

Ако имате куче, тогаш болвите не се непознат проблем за вас.

Без разлика колку внимавате, штом кучето излегува надвор, постои ризик да биде изложено на болви.

Најдоброто решение за справувањето со болви се специјалните средства за таа намена што можете да ги најдете кај секој ветеринар.

Сепак, ако сакате поприродно решение, постојат некои трикови кои можат да бидат од помош.

Важно е да знаете дека доколку кучето има многу болви, природните третмани нема да бидат ефикасни.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-kuche-ima-bolvi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-05.jpg

Како да познаете дали кучето има болви?

Најлесно ќе забележите дали кучето има болви ако му го прегледате крзното.

Сепак, ако на крзното не се наоѓаат многу болви, може да биде тешко да ги забележите.

Болвите обично се сконцентрираат на потопли, заштитени места, како ушите, пазувите и областа околу гениталиите. Па, најпрво проверете таму.

Доколку не забележувате болви, но сепак се сомневате, обрнете внимание на следниве работи:

Нечистотии од болви – зад себе болвите оставаат нечистотии, како измет, кои изгледаат како многу ситни црни прашинки.

Црвенило, чешање и поинтензивно лижење – сето ова укажува дека кучето можеби има болви.

Паѓање на крзното – од убодите од болвите, но и честото чешање, кај некои кучиња може да се забележи и паѓање на крзното.

Бледо непце – ова е знак дека кучето има сериозен проблем со болви. Бледото непце обично е знак за анемија, а ако кучето има премногу болви, може да му ослабне крвта. Но, ова се случува во екстремни случаи, кога животното е многу запоставено.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-kuche-ima-bolvi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-02.jpg

Како да се ослободите од болвите на природен начин?

Како што веќе спомнавме, ако станува збор за сериозна наезда од болви, мора да купите соодветно средство од ветеринар.

Но, доколу забележите само една-две болви и кучето не покажува други (сериозни) симптоми, може да пробате некој природен третман.

Кокосово масло

Кокосовото масло има вид киселина која е одбивна за болвите. Притоа, маслото може да го ублажи чешањето предизвикано од убодите на болвите.

Во дланките стопете малку кокосово масло, додека да стане течно и поминете низ крзното на кучето со него.

Важно е добро да го втриете маслото за да стигне до кожата на кучето.

Потоа добро исчешлајте го крзното на кучето.

Препорачливо е да го правите ова надвор, за болвите да не почнат да се разнесуваат низ домот.

Повторувајте го третманот еднаш неделно.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-kuche-ima-bolvi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-03.jpg

Јаболков оцет

И јаболковиот оцет може да биде одбивен за болвите.

Треба да направите раствор од исто количество вода и јаболков оцет и ставете го во шише со распрскувач.

Секој ден прскајте го крзното на кучето со растворот.

Само, немојте да го користите овој метод ако кучето има рани од чешање или што било друго бидејќи може да предизвика иритација.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-kuche-ima-bolvi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-04.jpg

Што ако природните третмани не помагаат?

Доколку кучето има сериозен проблем со болви, тогаш е најдобро да се консултирате со ветеринар.

Кај нас доста често се користат таканаречени ампули против болви.

Содржината од ампулата се истура на вратот на кучето. Течноста сама се разнесува низ крзното и ги уништува болвите.

Исто така, постојат и огрлици против болви, како и спрејови.

Вашиот ветеринар најдобро ќе утврди кој метод ќе биде најкорисен за вашето куче.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-kuche-ima-bolvi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg