8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома)

Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи не бараат многу физичка активност, а се погодни и за мали домови.

8-rasi-na-kuchinja-pogodni-za-povozrasni-lugje-povekje-sakaat-da-se-relaksiraat-doma001.jpg

Ако сте повозрасни или, пак, вашите баба или дедо размислуваат да вдомат куче, мора да имате предвид кои раси се најпогодни.

Некои кучиња се премногу енергични и бараат многу физичка активност, па не се најдобар избор за повозрасни луѓе кои ја немаат енергијата како во младоста.

Од друга страна, постојат раси кои преферираат да си лежат по дома, што, пак, ги прави идеални за повозрасни сопственици.

8 раси кои спаѓаа во втората категорија:

Мопс

Овие кучиња се мали и не бараат многу физичка активност.

Притоа, многу се дружељубиви и можат да бидат одлични придружници.

Идеални се за помали домови и потребно им е минимално шетање.

8-rasi-na-kuchinja-pogodni-za-povozrasni-lugje-povekje-sakaat-da-se-relaksiraat-doma-02.JPG

Пекинезер

И пекинезерите се мали кучиња кои не бараат многу физичка активност, а и уживаат во друштвото на сопственикот.

Им годи животот во затворен простор и доволно е да се изнесуваат само за тоалет.

8-rasi-na-kuchinja-pogodni-za-povozrasni-lugje-povekje-sakaat-da-se-relaksiraat-doma-03_copy.JPG

Малтезер

Покрај тоа што изгледаат како мали топчиња, овие кучиња се флексибилни и не им треба многу трчање надвор.

Исто така важат и за хипоалергена раса, односно крзното не им паѓа многу, па се погодни за луѓе склони на алергии.

Единствено бараат поголема нега на крзното.

8-rasi-na-kuchinja-pogodni-za-povozrasni-lugje-povekje-sakaat-da-se-relaksiraat-doma-04.JPG

Корги

Корги кучињата се лојални и дружељубиви, но и многу интелигентни.

Немаат голем раст и сосема доволно им се кратки прошетки надвор.

Не бараат ни голема нега на крзното, па се идеални за повозрасни луѓе.

8-rasi-na-kuchinja-pogodni-za-povozrasni-lugje-povekje-sakaat-da-se-relaksiraat-doma-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg