Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар?

Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се посклони кон топлотен удар.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-01.jpg

Со температури кои надминуваат 35 степени Целзиусови, навистина е важно да ги заштитиме и милениците, особено кучињата кои во текот на денот мораат да бидат изнесени надвор.

Ако имате куче, важно е да знаете дека некои раси се помалку толерантни на високи температури. Ова значи дека ризикот кај нив да се појави топлотен удар е значително поголем.

Покрај очигледните, како самојед, има и раси за кои веројатно не би помислиле дека тешко се справуваат со многу топлото време.

Со цел да ја зголеми свесноста кај сопствениците, млад ветеринар од Англија, кој е популарен на ТикТок, сподели видео во кое открива кои раси се изложени на најголем ризик од топлотен удар.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-10.jpg

Тој открива седум раси, за кои вели дека „не се создадени за топло време“.

„Седма на листата е расата стафордширски бул териер.

Овие кучиња имаат кратко крзно, но мускулести се, а мускулите генерираат многу телесна топлина“, вели ветеринарот.

Тој додава дека овие кучиња се и склони кон стрес, па е особено важно да внимавате на нив во текот на летото.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-02.jpg

„Шестата раса се померанците.

Имаат многу густо крзно и кратка муцка, што значи не можат ефикасно да се разладат преку устата“.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-03.jpg

Следните раси на листата на ветеринарот се мопс, француски булдог и англиски булдог.

Односно, како што вели ветеринарот, трите раси со „сплескана муцка“.

„Ние луѓето се разладуваме преку целото тело, со потење. Кучињата се потпираат на нивното грло и нивниот нос.

Кога дишат брзо, воздухот се движи низ носот и грлото, па тие губат топлина (и се разладуваат). Кучињата со кратки муцки, не можат да се ослободат од топлината доволно брзо“.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-04.jpg

Друго куче кое се најде на листата на ветеринарот е расата чау-чау. Тој истакнува дека кај овие кучиња, ризикот од топлотен удар е 11 пати поголем отколку кај лабрадорите.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-05.jpg

Расата која е изложена на најголем ризик е њуфаундлендер, кај која ризикот од топлотен удар е 15 пати поголем отколку кај лабрадор.

„Оваа раса не е создадена за топло време. Ова се масивни кучиња, со густо крзно.

Расата е создадена за ниски температури, студена вода, а не 30 степени Целзиусови“.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-06.jpg

Што да направите ако вашето куче има топлотен удар?

Симптомите на кои треба да обрнете внимание се многу гласно и забрзано дишење, лигавење, црвени непца или јазик, забрзано чукање на срцето, повраќање или дијареја.

Ако забележите и само еден симптом, препорачливо е да реагирате веднаш.

Важно е да ја намалите температурата на кучето. Можете да го однесете во разладена просторија или да го испрскате со вода која не е многу студена.

Немојте никако да го потопувате кучето во вода.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-07.jpg

Можете да користите вентилатор или нешто слично за да го разладите.

Однесете го кучето на ветеринар што е можно побрзо бидејќи топлотниот удар може да биде и смртоносен.

Сепак, секогаш е многу подобра превенцијата.

Ако имате една од расите кои се поподложни на топлотен удар, не го изнесувајте кучето кога е најжешко.

Кога сте излезени, секогаш носете вода за кучето и не го оставајте на директна сончева светлина.

Не заборавајте и дека кога асфалтот е многу жежок, може да му ги повреди шепите. Во продавниците за миленици можете да најдете соодветна заштита за шепи.

koi-rasi-na-kuchinja-najchesto-dobivaat-toploten-udar-spored-veterinar-8.jpg

Погледнете го видеото:

@ben.the.vet

If you own one of these 7 dog breeds please be especially cautious in hot weather heatwave learnontiktok heatstroke dogs hotdog benthevet veterinary fyp

♬ vlog, chill out, calm daily life(1370843) - SUNNY HOOD STUDIO

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg