Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба
Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети за мачки и кучиња навистина вреди да ги купите?
Генерално, мачките и кучињата немаат потреба од многу работи.
Доволно им е да имаат креветче, кутија со песок (за мачките), неколку играчки и садови за храна и вода.
Сепак, некои предмети можат да ви направат огромна разлика.
Кои предмети за миленици навистина вреди да ги купите?
Простирка за кутијата со песок
Овие простирки ги има во повеќето добро снабдени продавници за миленици, а прават навистина огромна разлика.
Простирката го „заробува“ песокот што мачката го исфрла од кутијата и не ѝ дозволува да го разнесува низ собата.
А, најдоброто е што потоа можете само да го вратите песокот од простирката во кутијата.
Сад за вода со шише
Овие садови се одлични ако ги оставате милениците сами дома.
Шишето ќе го дополнува садот по потреба, а на мачката или кучето ќе им биде потешко да ги турнат, па да останат без вода цел ден.
Ремче со уред за следење
Дури и ако никако не ја пуштате мачката надвор, добро е да купите ремче со GPS уред.
Бидејќи, може да се случи мачката да излезе надвор и на овој начин ќе ја лоцирате веднаш.
Ако имате куче кое го изнесувате надвор, немојте да се двоумите за ремче со GPS уред.
Преносен сад за вода
Кога го шетате кучето во лето, не треба да заборавите да му дадете вода, а овие садови се идеално решение.
Можат да се соберат и нема да ви зафаќаат многу место.