8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома)
Француски булдог
Кучињата од оваа раса преферираат да седат дома и не се многу енергични.
Но, сепак се весели кучиња кои сакаат да бидат покрај своите сопственици.
Имаат мал раст и можат да бидат идеални и за во мал дом.
Пудла
Пудлите се мошне интелигентни кучиња, а бидејќи постојат видови со различен раст, лесно можете да најдете куче соодветно на вашиот дом.
Активни се, но лесно се адаптираат на темпото на сопственикот.
Иако не испуштаат многу влакна, сепак, нивното крзно бара поголема нега.
Ши-цу
Ши-цу кучињата се одличен избор за повозрасни сопственици бидејќи имаат нежна природа.
Сакаат внимание и најсреќни се покрај своите сопственици.
Минијатурни се, што ги прави идеални за мали домови.
Не се кучиња што лаат многу, а за одржување на крзното потребно е само редовно чешлање.
Кавалерски шпаниел на кралот Чарлс
И ова е мала раса која не бара многу физичка активност.
Овие кучиња се дружељубиви и генерално сакаат да се покрај своите сопственици што ги прави одлични придружници.
Спирова С. | Црнобело